“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
Архиепископот Стефан на средба со рускиот амбасадор и со рускиот црковен претставник во Софија
15 Новембар 2022
Рускиот Амбасадор Сергеј Баздникин, заедно со настојателот на подворјето на Руската Православна Црква во Софија, Бугарија, архимандрит Васиан, биле на средба со Архиепископот г. г. Стефан.
Но Средбата, на која присуствувал и Епископот Хераклејски г. Климент се одржала на 11 ноември во Архиепископоијата во Скопје.
МПЦ-ОА, не споделува детали за што е разговарано. Сепак Руската амбасада во Скопје објави Архиепископот Стефан бил благодарен за помошта од Руската црква.
-Неговото Блаженство г.г. Стефан истакна дека нè обединува една заедничка вера и една духовна традиција. Тој додаде дека Руската црква долго време помагала во враќањето на Македонската Православна Црква во семејството на помесните православни цркви и е една од првите што ја признала нејзината автокефалност. Тој им се заблагодари на Неговата Светост Патријарх Кирил и на Руската Православна Црква за братската помош и поддршка што ѝ ја даваат на Македонската Православна Црква, пишува Руската амбасада за средбата.