




“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
Се одржа на 3 и 4 Септември оваа 2022 48-от Црковно народниот собир На Американско-канадската Македонска епархија
Во Македонската Православна Црква „Св. Кирил и Методиј“ во Willowbrook Chicago Illinois, се одржа 48-от Македонско Црковно-народниот собир на Македонската Американско-канадска епархија. Во црковната сала на цркавата домаќин, како вообичаено отпочна во саботата на 3-ти Септември со Епархиското собрание во 9:00, присуствуваа сите парохиски свештеници, претседателите и делегатите на црковните општини на скоро сите Македонски Православни цркви во епархијата на чело со надлежниот архиереј Неговото Високопреосвештенство г. Матодиј.
Во Саботата на 3-ти, во 19:00 часот, Смотрата на играорните групи од црковните општини започна со поздравот на Неговата екселенција амбасадорот на Република Македонија во САД, г. Зоран Попов, а потоа ги поздрави сите присутни и надлежниот епархиски архиереј митрополитот г. Методиј, со кое ги прогласи за отворени.
Во неделата на свечената света Литургија богослужеа сите парохиски свештеници предводени од архиерејскиот заменик прота-ставрофор Синиша Ристовски, а на чело со Неговото Високопреосвештенство митрополитот г. Методиј. За време светата Литургија во чин прото-презвитер беше произведен старешината на храмот отец Тони Јосевски, а во чин чтец г. Павел од МПЦ „св. Петка“ во Chicago.
Во неделата од 19:00 часот, се одржа свечениот Банкет и вечерната младинска игранка. И на банкетот и на игранката присуствуваа голем број гости од секаде од Америка и Канада.
Известува
Отец Митко Попоски