www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,162,633
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


Архиепископот Стефан за “Политика” Немаме ништо против да не нарекуваат Охридска Архиепископијa

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во интервју за белградска „Политика“ вели дека не е проблем што грчкиот блок од православните цркви ќе ја нарекува нашата црква само Охридска архиепископија, а не и Македонска православна црква.

„Свесни сме за чувствителноста на прашањето на ова наше име кај грчкиот блок од православните цркви. Затоа, нема да бараме од нив да не викаат со името што не го сакаат. Бидејќи сме наследници на познатата Охридска архиепископија, ословувањето со тоа име од нивна страна не ни претставува проблем. Сепак, убеден сум дека и браќата архиереи ќе сфатат дека ние самите не можеме да се нарекуваме никако поинаку освен Македонци, т.е. дека нашата црква за нас е колку Македонска толку и Охридска – вели архиепископот г.г. Стефан во интервју за „Политика“.

Ја користам оваа можност да се заблагодарам за сета помош и поддршка на српската држава на македонската, за подадената рака во овие времиња полни со искушенија, започнува интервјуто на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Стефан за белградскиот весник „Политика“, во кое говори за заедничките литургии со Српската православна црква (СПЦ) во Белград и Скопје, воспоставувањето на евхаристичко единство и признавањето од СПЦ, значењето од помирувањето на двете сестрински цркви и перспективите на „двата братски народи“.
– Препознавањето на непобитниот факт за стварноста на македонската црковна самостојност, е од големо значење и за нас, а уверен сум и воопшто, за сесветското православие. За нашата ерархија и верен народ, неможноста евхаристички да заедничариме со нашите едноверни браќа и сестри од останатите помесни православни Цркви претставуваше отворена рана. Решавањето на нашиот канонски статус, еве, неа ја залечи!, вели архиепископот Стефан.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, во ова прво интервју на еден поглавар на МПЦ-ОА за српски медиум, г.г. Стефан нагласува дека сега се отвора можност за проширување на многуобразна соработка на нашата со останатите помесни цркви и оти сето тоа ќе даде голем плод.
– Можеби нашето признавање на прв поглед нема да смени многу нешта во нашата Црква, зашто таа и досега внатрешно функционираше како и секоја друга помесна Црква, исповедајќи ја истата света вера во воплотениот и воскреснатиот Богочовек Христос, го имаше истиот богослужбен живот, принесувајќи го истиот евхаристиски принос. Меѓутоа, сосема е природно дека многу нешта ќе се подобрат поради обновата на нашето заедничарење со сеправославната екумена. Секоја средба облагородува и обогатува, а особено тоа го чинат заедничкото литургиско благодарење, заедничката молитва и меѓусебните разговори со собраќата од другите помесни Цркви, додава г.г. Стефан.
Според него, признавањето на МПЦ-ОА ќе им биде од полза и на сите православни цркви, затоа што „знаеме дека и македонско православие и Македонија воопшто имаат што да му покажат на православниот свет“.
– Заради стигмата на одвоеноста, бројни богобаратели од целиот свет биле обесхрабрувани да ја посетуваат Македонија. Отсега тоа ќе се менува и во годините пред нас мнозина ќе добијат можност да го видат нашето духовно богатство, нашите древни цркви и манастири, фрески и икони, да ја видат красотата на нашето помесно православие, да ја видат Македонија и да се уверат дека нашиот народ пулсира со ритамот на православието и дека македонската земја слободно може да се нарече земја црква и земја на крстот, потенцира архиепископот Стефан.

Во врска со преговорите со СПЦ, тој посочи дека последните години на писмата на МПЦ-ОА до црковен Белград, како да не им се давало потребното значење, поради што нашата Црква прибегнала со барање за посредување до вселенскиот патријарх Вартоломеј, што „имаше огромна улога во нашето конечно седнување на иста маса со СПЦ за разрешување на нашиот проблем“.

– Со изборот за поглавар на СПЦ на патријархот Порфириј и со помошта од Синодот и од Соборот на СПЦ, се отвори нова страница во односите на нашите две цркви, за што сме неизмерно благодарни, додава поглаварот на МПЦ-ОА.

На прашањето дали политичарите помагале и одмагале на патот за автокефалност на МПЦ-ОА, архиепископот Стефан вели дека добронамерност имало кај многумина.
– Ним Бог тоа секако ќе им го смета за праведно и добронамерно помагање на едно богоугодно дело, дело за доброто на двата братски народи, заклучува г.г. Стефан.
Осврнувајќи се на посетата на српскиот патријарх Порфириј на Охрид, архиепископот Стефан вели дека сигурен оти таа била плодотворна за него и неговите придружници, „како што беше голема и искрена и нашата радост и радоста на верниот народ на Охрид и Струга, кој во огромен број го пречекаа“.

Во врска со очекувањата на томосот од вселенскиот патријарх Вартоломеј, архиепископот Стефан потенцира дека „го молиме милостивиот Бог да ни дарува само уште малку трпение“.
– Да, вселенскиот патријарх ја прими МПЦ-ОА во канонско единство со сеправославната екумена. Со неколкумина македонски архиереи веќе бевме и во Константинопол и сослужувавме Божествена литургија со патријархот Вартоломеј и тоа на роденденот на Црквата – празникот на Светата Педесетница. Не знам кога би можеле да го очекуваме официјалниот документ за впишување на нашата помесна Црква во Диптихот на автокефалните Цркви. Но сега, откако ја имавме можноста да поминеме неколку дена во придружба на константинополскиот патријарх и да го видиме неговото црквољубие и искрената желба да ни помогне, уверени сме дека тоа ќе стане во догледна иднина. Го молиме милостивиот Бог да ни дарува само уште малку трпение, изјави архиепископот Стефан.

На прашањето на „Политика“ за името на МПЦ-ОА, тој вели дека „нашата Црква, колку што е Македонска, толку е и Охридска црква“.
– Свесни сме за сензибилноста на прашањето за нашето име кај т.н. „грчки блок на цркви“. Затоа, ние од нив нема да бараме да нè нарекуваат со име кое тие не го сакаат. Бидејќи сме наследници на славната Охридска Архиепископија, ословувањето со тоа име од нивна страна не ни претставува проблем. Меѓутоа, од друга страна, уверен сум дека и браќата архиереи и воопшто верниот народ од хеленофонскиот православен свет ќе сфатат дека самите ние не можеме да се нарекуваме никако поинаку освен Македонци, односно дека нашата Црква, за нас, е и Македонска и Охридска. Зашто, колку што е таа Македонска, толку е и Охридска црква. Веројатно ќе има тука работи што ќе треба да се решаваат, но верата и љубовта можат и планини да преместуваат. Следствено, ако обете страни покажеме дека делуваме преку љубовта Христова, лесно ќе се најде договор меѓу грчките цркви и нашата Македонска црква, изјави г.г. Стефан.

Според него, дијалогот е од насушно значење во Црквата, бидејќи Православието е соборна вера, којашто отсекогаш била утврдувана на вселенски, регионални и помесни собори.
– Без дијалог нема соборност, а без соборност нема Црква! Еве, тоа се покажа и во случајот со признавањето на нашата автокефалија, изјави за „Политика“ архиепископот Стефан.

Најнови Вести

ВБРОЈУВАЊЕ НА ПРЕПОДОБНИОТ КИРИЛ ЛЕШОЧКИ ВО ДИПТИХОТ НА СВЕТИИТЕ

19.10.2022
. На 16.10. 2022 година во Соборниот храм св.Кирил и Методиј – Тетово, Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во сослужение на: Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит […]... [Повеќе...]

Во Ерусалим прво сослужување и со Бугарската и Руската црква

27.09.2022
Септембар 25 2022 Полека, но сигурно, МПЦ-Охридската Архиепископија чекори кон нејзино полноправно прифаќање во Православниот свет, практично демонстрирајќи го тоа преку заедничко сослужување со архиереи на помесните православни цркви. Посетата на Епископот Антаниски, г. Партениј на Ерусалимската Патријаршија беше добра можност за проширување на кругот сестрински православни цркви со кои се воспоставува канонско единство преку […]... [Повеќе...]

СВЕТИОТ ПАТРИЈАРХ Г.Г. КИРИЛ испрати писмо до АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН

11.09.2022
Поглаварот на Руската црква, Патријархот Кирил испрати писмо до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во кое го запознал со одлуката на Светиот Синод на РПЦ дека ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА и го впиша Поглаварот на МПЦ во диптихот – со следната содржина: До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски […]... [Повеќе...]

Се одржа на 3 и 4 Септември оваа 2022 48-от Црковно народниот собир На Американско-канадската Македонска епархија

06.09.2022
Во Македонската Православна Црква „Св. Кирил и Методиј“ во Willowbrook Chicago Illinois, се одржа 48-от Македонско Црковно-народниот собир на Македонската Американско-канадска епархија. Во црковната сала на цркавата домаќин, како вообичаено отпочна во саботата на 3-ти Септември со Епархиското собрание во 9:00, присуствуваа сите парохиски свештеници, претседателите и делегатите на црковните општини на скоро сите Македонски […]... [Повеќе...]

РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ја призна Автокефалноста на МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

26.08.2022
На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската Православна Црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската Православна Црква за автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија, се вели во соопштението на Руската Православна Црква кое го пренесуваме […]... [Повеќе...]

Архиепископот Стефан за “Политика” Немаме ништо против да не нарекуваат Охридска Архиепископијa

27.07.2022
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во интервју за белградска „Политика“ вели дека не е проблем што грчкиот блок од православните цркви ќе ја нарекува нашата црква само Охридска архиепископија, а не и Македонска православна црква. „Свесни сме за чувствителноста на прашањето на ова наше име кај грчкиот блок од православните цркви. Затоа, нема да […]... [Повеќе...]

СПЦ и официјално со Томос ја призна полната автокефалност на МПЦ – ОА и со никакви условувачки клаузули не ја ограничи нејзината автокефалност и устројство во поглед на нејзиното име, опсегот на нејзината јурисдикција и пастирската грижа за нејзиниот верен Македонски народ во татковината и дијаспората

12.06.2022
06/06/2022 148 Вчера, на 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски собор, Неговата Светост Патријархoт Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на Високопреосветените Митрополити Преспанско-пелагониски г. […]... [Повеќе...]

Грчки митрополит: Охридската Архиепископија станува призната црква

18.05.2022
Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19 и 20 век, по создавањето и граничното одредување на националните држави на Балканот, со Патријаршиски и Синодални Томоси создаде автокефални Цркви (Грција, Србија, Романија, Бугарија, Албанија). Тие автокефални Цркви ја опфаќале областа на една конкретна национално-државна единица. Доколку се случело да се прошират државните граници, Мајката Црква на […]... [Повеќе...]

ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ЈА ПРИЗНА МПЦ-ОА НА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА И ВОСПОСТАВИ КАНОНСКО ЕДИНСТВО

12.05.2022
Синодот на Всленската патријаршија ја тргна 55 годишната шизма од Македонската парвославна црква и одлучи да воспостави канонско и евхаристичко општење со македонските владици, свештениците и со народот. Тоа практично значи дека Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА, Црквата на Македонскиот народ во Македонија и надвор од Македонија, сега ќе може да сослужува со нејзе. Со […]... [Повеќе...]

МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ: ОДЛУКАТА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА Е ПРИЗНАНИЕ НА ИСТОРИСКИ КОНТИНУИТЕТ

10.05.2022
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија изразува најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква. […]... [Повеќе...]

Серадосно благовестие од Цариград: Вселенската Патријаршија ја призна нашата древна и возобновена Охридска Архиепископија за канонска

10.05.2022
• 26 април/9 мај 2022 лето Господово Овој ден го создаде Господ да се зарадуваме и развеселиме во него! „Ден на Воскресение, да се просветиме, луѓе“, зашто стигна благата вест за воскресението на нашата славна и света, древна и најсакана Охридска Архиепископија! Како што некогаш Христовото Евангелие засветли среде нашиот народ преку светите и Божествени […]... [Повеќе...]

ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ: БОЖЕ ДАРУВАЈ НИ МУДРОСТ И ЕДИНСТВО ЗА ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКАТА ПОСЕБНОСТ, ЗА ОДБРАНА ОД СИТЕ КОИ САКААТ ДА ГО ИЗБРИШАТ МНОГУВЕКОВНОТО ПРИСУСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ ПО МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА ВО МИНАТОТО И СЕГАШНОСТА!

23.04.2022
22 април 2022 година, Охрид, Македонија – Стефан по милоста Божја, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, заедно со Светиот Архиерејски синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна Црква, а по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот и торжествен поздрав – Христ […]... [Повеќе...]

Односот помеѓу СПЦ и МПЦ во врска признавањето Автокефалност на МПЦ од страна на СПЦ

26.02.2022
Дванаесетте грешки на СПЦ Прва: се договориле во 1992 година, делегациите на СПЦ и МПЦ, на средбата во манастирот Калишта – Струга, проблемот меѓу двете цркви да го решат најпрво со заедничко служење на Света Литургија. Во Белград тоа е одбиено. Водачот на српската црковна делегација е сменет. Втора: на средбата во Бигорски манастир, во […]... [Повеќе...]

Ја разбираме ли добро пораката на блаженјејшиот наш Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. СТЕФАН :

15.01.2022
30 декември 2021 / 12 јануари 2022 Протоереј Митко Попоски Ја разбираме ли добро пораката на блаженјејшиот наш Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. СТЕФАН : Возљубени чеда на мајката Македонска Црква, „Од нас, како од македонски народ, држава и Црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа […]... [Повеќе...]

Божиќно послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

08.01.2022
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан на Прва Јустинијана   † СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА НА ПРВА ЈУСТИНИЈАНА И Словото стана […]... [Повеќе...]

Свети Климент – Прославен во Торонто, Канада

09.12.2021
СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ Патронот на Македонската Православна Црква 09 Август и 08 Декември Светата Богослужба предводена од парохискиот свештеник м-р отец Сашо Целески, а во сослужение на повеќе свештенослужители активни и пензионирани, во присуство на голем број верни чеда на Македонската Православна црква, беше величествено прославен Патрониот празник на Македонската Православна Црква и на Епархискиот […]... [Повеќе...]

Осветена црквата „Св. Атанасиј“ во Богданци

05.12.2021
ФОТОГРАПХИИ ..    На 14. 11. 2021 година, на денот кога светата православна црква си спомнува за светите бесребреници Козма и Дамјан, од страна на Митрополитите Повардарски г. Агатангел, Преспанско-пелагониски г. Петар, Европски г. Пимен, Брегалнички г. Иларион, Епископот Стобиски г. Јаков, како и од бројно свештенство на МПЦ-ОА, беше осветена црквата „Св. Атанасиј Велики“ […]... [Повеќе...]

ОД БИБЛИСКАТА ИСТОРИЈА Временска линија на Стариот Завет 2100 г. пред Христа

11.10.2021
Многу наведени години се приближни и може да варираат според различни изучувања БИТИЕ Некои научници го даваат раѓањето на Авраам во 1952 година пред Христа • Авраам 2166 – 1991 BC • Исмаил 2080 – 1943 BC • Исак 2066 – 1886 BC • Јаков (Израел 2005 – 1859 BC • Јосиф 1914 – 1805 […]... [Повеќе...]

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВАТА СВЕТИ ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ ВО КАВАДАРЦИ

11.10.2021
Кликни да го видете видеото -> https://fb.watch/8z51YOS4-z/... [Повеќе...]

Семакедонски христијански православен собор

11.10.2021
На денот на кои го чествуваме споменот на сите македонски светители, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, беше одржан традиционалниот Семакедонски христијански православен собор. Со светата Божествена литургија чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, а молитвено присуствуваа голем број верници, исто така, од сите градови на […]... [Повеќе...]

Интервју, Со Архиепископот Охридски и Македонски ОА На Јустинијана Прима Г. Г. Стефан

11.10.2021
1. Ваше Блаженство, кои се канонските основи врз кои се темели автокефалноста на Македонската Православна Црква? Архиепископот: Православната Црква е Една, Света, Соборна и Апостолска. Нејзината поделба на самостојни цркви, автокефални или автономни, не му противречи на единството на Црквата, зошто, како вели познатиот канонист Валсамон – „сите цркви Божји се сметаат за едно тело“, […]... [Повеќе...]

По повод 8 Септември

10.09.2021
Денот на независноста на Република Македонија, се одржа пикник во повеќе црковни општини на Македонската Православна Црква на Американско-Канадската епархија      ... [Повеќе...]
Илинден

ИЛИНДЕНСКА ПОСЛАНИЦА

04.08.2021
† СТЕФАН  ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА, А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА         Стојте така во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не […]... [Повеќе...]

МПЦ-ОА на Јустинијана Прима благослови и прогласи тројца нови светители

12.07.2021
Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, тројцата монаси кои настрадаа во 1558 година, кога турската војска го нападна манастирот „Света Богородица Пречиста“ вчера од верниците и достоинствениците на МПЦ-ОА беа благословени и прогласени за нови светци на богослужбата во кичевскиот манастир. Луѓето ја допираа иконата која им ја претстави архиепископот Стефан со ликовите на тројцата монаси. Тие […]... [Повеќе...]

Oд кабинетот на архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

12.07.2021
Во јавноста и во дел од медиумите се пишуваше дека МПЦ-ОА ќе го менува името, односно дека ќе ја избрише придавката „македонска“. Но од кабинетот на архиепископот г.г. Стефан испратија демант до јавноста, во кој се негира секоја промена на името на црквата, особено нагласувајќи дека нема никакво бришење од називот на Македонската православна црква-Охридска […]... [Повеќе...]

Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА

13.06.2021
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА)   Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со Коронавирусот. Во таа насока, САС се оградува од изнесените лични ставови […]... [Повеќе...]

К О Н К У Р С

14.05.2021
Македонска Православна Црква Macedonian Orthodox Church   За прием на ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје за учебната 2021/22 година Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: – Да завршиле основно образование; – Да имаат основно познавање од Православието; – Да се телесно и душевно здрави; – Да не се постари […]... [Повеќе...]

Светоста е основниот мотив во животот на христијаните

12.05.2021
Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски ОА На Јустинијана Прима Г. Стефан   Светоста е основниот мотив во животот на христијаните, тоа е нашата егзистенцијална цел, односно светоста е богопоставената реализацијата на човечката личност. Бидете свети, бидејќи Јас Сум свет, нè повикува нашиот Господ Бог. И сите, неизоставно, следејќи ги и применувајќи ги критериумите поставени […]... [Повеќе...]

ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ ОА СТЕФАН

04.05.2021
† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСE! Во светот ќе имате маки; само не бојте се, […]... [Повеќе...]

НА ВЕЛИКА САБОТА ВО ЦРКВАТА „СВ. НИКОЛА“ ВИНДЗОР, ОНТАРИО. КАНАДА

04.05.2021
Велика сабота е: Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Велика сабота е: Денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Велика Сабота е денот: На слегувањето на Несоздадениот Благодатен Оган од Небото! Овој е втор ден […]... [Повеќе...]

Во Египет откриени христијански урнатини кои ја потврдуваат „природата на монашкиот живот“ во тој регион

05.04.2021
• 03 март/16 март 2021 лето • Француско-норвешки археолошки тим откри нови христијански урнатини во пустина во западниот дел на Египет, со што се потврдува дека постоел монашки живот во регионот во петтиот век од нашата ера, соопшти египетското министерство за антиквитети. „Француско-норвешката мисија за време на своето трето ископување на локалитетот Тал Гануб Каср […]... [Повеќе...]

(2010-2014) Научници тврдат дека во источна Турција пронашле остатоци од Ноевата арка (Брод)

23.03.2021
Меѓународна група научници, меѓу кои има кинески и турски претставници соопшти дека на височина од околу четири илјади метри на планината Агр во источна Турција пронашла остатоци од дрвен брод, кој датира од пред 4.800 години, кој според екипата се од Ноевата арка. Научниците тврдат дека остатоците покажуваат дека на бродот имало многу простории, во […]... [Повеќе...]

† В А Р Т О Л О М Е Ј По милоста БожјаАрхиепископ Константинополски, на Нов Рим и Вселенски Патријарх

15.03.2021
Огласително слово за почетокот на Светата и Велика Четириесетница 28 февруари/13 март 2021 лето Господово † В А Р Т О Л О М Е Ј по милоста БожјаАрхиепископ Константинополски, на Нов Рим и Вселенски Патријарх Досета полнота на Црквата, благодат и мир нека биде од Спасителот и Господ наш Исус Христос, а од нас […]... [Повеќе...]

Интервју на Митрополитот Агатангел

10.03.2021
Агатангел: Лани не зaтворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, а за другите празници од другите вероисповести беше се слободно Лани не затворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, а за другите празници од другите вероисповести беше се слободно, истакна вечерва на ТВ Алфа Митрополитот Повардарски Агатангел. Тој вели дека се надева дека ќе биде […]... [Повеќе...]

САС на МПЦ – ОА со голема загриженост..

01.03.2021
САС на МПЦ – ОА со голема загриженост ја разгледа појавата на антицрковни тенденции, кои, свесно или несвесно, го нарушуваат единството и чистотата на правoславната вера, како и духовниот и канонски поредок. Ваквите пројави главно се демонстрираат на социјалните мрежи, каде што преку духот на осудата, а за некакво божемно „отстапување од светите канони“ се […]... [Повеќе...]

Архиепископот Стефан испрати честитка до новиот Српски патријарх

01.03.2021
До Неговата Светост, Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. ПОРФИРИЈ Ваша Светост, Од Наше, како и од името на браќата архијереи, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, примете најискрени честитки по повод Вашиот избор, со кој Семудриот Бог, по својата вечна промисла за спасение на сите, Ве […]... [Повеќе...]