“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
Ја разбираме ли добро пораката на блаженјејшиот наш Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. СТЕФАН :
30 декември 2021 / 12 јануари 2022
Протоереј Митко Попоски
Ја разбираме ли добро пораката на блаженјејшиот наш Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. СТЕФАН :
Возљубени чеда на мајката Македонска Црква,
„Од нас, како од македонски народ, држава и Црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа и дополнителна внимателност при решавањето на наметнатите прашања, коишто во последно време некои ги исправија пред сите нас. Да внимаваме, зашто никогаш и никаде не се дошло до вистината со отстапки од своите духовни, нацио¬нални, историски и културни посебности. Само народи коишто немаат свое, посегаат по туѓо. Затоа никој и пред никого, нема право да се откажува од она коешто, како дар Божји и како сенародно наследство, им припаѓа и на поколенијата пред нас, како и на оние по нас. Ниедна привремена добивка не е достојна замена за последиците што можат да произлезат од загубата на она што нè прави посебен народ, на ова парче македонска земја, дарувано од Бога и зачувано со безбројните жртви на нашите предци“. (Божикно послание 2021)
А ова, наспроти, и како одговор на оние (меѓу кои за жал и свештенослужители) јавно велат: „Ние треба да престанеме со тезата на самодоволност и самобендисаност“. А и кон сите кои на секаков начин се обидуваат да ја маргинализираат личноста и претстојателството на Архиепископот, пак, превземаат улоги и мислам, неовластени дејствија.