www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,545,522
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ИЛИНДЕНСКА ПОСЛАНИЦА

† СТЕФАН

 ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО
И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
– ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА,
А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА

 

Илинден

 

 

 

Стојте така во слободата,
со која Христос нѐ ослободи,
и не се подавајте пак под ропски јарем!
А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете,
пазете да не се истребите еден со друг..(Гал.5:1 и 15)

 

 

Возљубени празникољупци,

Секој ден е ден за благодарење, за фалење и за славење на Господа! Секој ден ни е даден од Бога за да празнуваме и да се радуваме! Но овој ден – празникот Илинден, е ден за особено семакедонско прославување, но и ден за таговна радост и радосна тага. Ние, Македонците, како ретко кој народ, торжествено го празнуваме славеникот и богоугодникот, чудотворецот и боговидецот – големиот пророк Илија. Тој потекнувал од местото Тесва, па затоа е наречен и Тесвитец (3 цар.17:1). Живеел во 9. век пред Христа и делувал во Северното, односно во Израилското Царство, во времето на царевите Ахав и Охозиј. Поучувал, одејќи од место до место и, бранејќи го, укажувал на правилното богопочитување. Силно ревнувал за Бога, како што и неговото име на еврејски значи „Јахве е мој Бог“.

А пророците, како праведни и богољубиви, биле предвестители на Божјата волја и весници на Неговата љубов кон светот и кон човекот. Тие старозаветни богоугодници будно ја одржувале потребата од особена  близина на богоизбраниот народ со Бога, постојано потсетувајќи го на благодетите што ги добива кога ги слуша и ги исполнува пораките од небото. Но особено пророкувале и претскажувале за објавеното Божјо ветување за доаѓањето на Месијата и Спасителот на човечкиот род. Па така, кога се исполнило времето (Гал.4:4). Бог Го испратил Својот Единороден Син, како Богочовек, Кој ја благовестил Својата наука и го покажал патот на вистината што води до спасение. Пророкот Илија (4 Цар. 2:11), заедно со Енох (Евр. 11:5), повторно ќе се јави како Христов претшественик, за да го подготви патот Господов при Неговото второ доаѓање (Отк. 11:3-4). Оваа вистина за последните настани ја претскажал и пророкот Малахиј, најавувајќи: Ете, Јас ќе го пратам при вас пророкот Илија, пред да настапи денот Господен ‒ големиот и страшниот (Мал. 4:5), а ја потврдил и самиот Господ Исус Христос, со зборовите: Илија ќе дојде порано и ќе уреди сè (Мк.9:12).

Возљубени во Господа,

Свети Илија бил голем пророк. Неговата ревност за вистинската вера и неговата љубов кон Бога биле вдахновение за многумина негови современици, а подоцна и за секој христијанин и за секој свештенослужител. Со своето, пак, човекољубие, како и со родољубието и со молитвената грижа за спасение на народот, останал за пример како треба да ги сакаме луѓето.

Оној кој се стреми кон Царството Божјо, тој ќе ја сака и ќе се грижи и за овоземната Татковина, која, всушност, е времена и треба да ни биде патоказ кон Небесната. Токму и овој празник, преку личноста на светиот пророк Илија, ни укажува и ни дава поттик какви треба да бидеме и ние како христијански народ. Во новозаветните книги, на многу места е запишано за тоа како треба да живееме на земјата за да се удостоиме на небесно живеалиште (Мт.11:12). Како што земјоделецот не може да очекува добар род, доколку не се грижи за посеаното семе, и не го потхранува и не го полева, така е и со нас луѓето: само преку верата и добрите дела можеме да Му угодиме на Бога и да заслужиме награда во Небесното царство. И самиот Господ Исус Христос така го поучувал народот: Сè она што сакате да ви прават луѓето, правете им го и вие, зашто тоа е Законот и Пророците (Мт.7:12); и: Не секој што Ми вели: ’Господи, Господи‘, ќе влезе во Царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец небесен (Мт.7:21). Затоа, секој човек кој се угледал на Христа, на Неговиот живот и делата, живеејќи по евангелските начела ‒ стекнал вечен живот. Тоа е највредното што можеме да го заслужиме овде на земјата, доколку ја исполнуваме Божјата волја, како што е речено: секој што ќе Го види Синот и поверува во Него ќе има живот вечен (Јн.6:40).

Возљубени потомци на славните илинденци,

Нашите постари, дедовци и прадедовци, од љубов кон родната македонска земја и од почит кон аманетите од претходните поколенија, станувале против освојувачите и против сите оние коишто посегнувале по најсветото, покрај верата – по слободата на родот и на Татковината. Илинден, денот на славното наше македонско востание, во себе ја чува токму таа тајна, преполна со љубов кон сè што е наше македонско. Затоа и ниедна прослава не е доволна за да ги открие сите надежи и стремежи, да ги изброи и сите жртви и жалости со кои е исполнет големиот ден на непокорот наш,  денот ‒ Илинден. Токму од тие причини тешко е да се опише она што се случило и се доживеало на Илинден 1903 година, туку може само да се претпостави. Како народ, тоа сеќавање го правиме катагодина, па еве, и по 118 години, потсетувајќи се на оној ден, и на храбрите илинденци и на сè што се случило тој ден, како и потоа: од Мечкин Камен и Крушево, па до сите краеви по македонската земја. И од тој незаборавен настан од 1903 година се роди и Илинден во 1944 година, кога со АСНОМ се возобнови македонската држава, која, конечно, се осамостои и како суверена во 1991 година. Затоа, тој славен Илинден од 1903 година никогаш и не престанал, туку продолжува да трае во душите на сите македонски поколенија: и досега, и сега и, да веруваме, во иднина, кај сите коишто го почитуваат и коишто живеат за сето она што се добило и со Првиот, и со Вториот, па и со Третиот Илинден.

 

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Илинден е денот што го потврди нашето постоење низ вековите, но и за денес и за секогаш. Тој е ден за наше радување, но и ден за потсетување за потребата од постојано бранење на нашата посебност и на нашата македонска вистина. Иако е настан од минатото, Илинден бил и останува за сите времиња незаменлива инспирација за одбрана на сè што е наше македонско, зашто е ден – вкус на слободата и на македонскиот непокор. Но, еве, искушенијата за нашата македонска држава и за македонскиот народ, за жал, и денес не престануваат. Затоа треба да бидеме особено внимателни и сплотени, и да не дозволиме да отстапиме пред барањата на сите оние кои го негираат нашето постоење. Често се прашуваме: дали на претходните поколенија им беше потешко да се борат за македонското народно и духовно дело, или нам денес да го зачуваме она што тие го стекнаа со своите животи?

Милостивиот и правдољубивиот Бог, Кој секогаш, во потребните времиња, ни воздигнувал воини и водачи, војводи и комити, јунаци и борци, партизани и бранители, чии имиња се зачувани во македонското народно сеќавање, се надеваме дека и во ова време ќе ни помогне достоинствено да го одбраниме она што со крв и со жртви го стекнаа и ни го оставија нашите претшественици. Па, низ сета наша историја, се раѓале доблесни родољупци, идеолози и стратези, кои секогаш биле подготвени да ја бранат и да се жртвуваат за слободата на нашата родна грутка. Тие умееле да го поведат народот кон подобра иднина и да укажат дека сите искушенија и негирања не можат да нè сопрат.

Всушност, тие, секогаш, па дури и денес ни помагаат уште повеќе да се утврдуваме во нашата вистина. Затоа сите наши буни, борби и востанија од минатото биле и остануваат вдахновувачки извори и за сегашново и за сите македонски поколенија ‒ да ја чуваме и да ја зачуваме слободата барем на овој дел од македонската земја, со сè што ни припаѓа како народ: и Црква, и идентитет, и историја, и јазик, и песна, и оро, и култура ‒ со сето наше духовно и народно минато, со што ќе можеме да ја зачуваме и сегашноста и иднината наша.

Слободата, и духовната и националната, е скапоцен дар. Затоа, не само што треба да ја браниме слободата, не потклекнувајќи пред намерите на оние кои сакаат да нè одродат и присвојат, туку треба и да знаеме и што и како со неа. Зашто ако во слободата не одиме напред и не се развиваме на секое поле, ако не создаваме и не се унапредуваме, ако не се усовршуваме и не се изградуваме, ако не се поправаме и не се грижиме, и за себе и за идните генерации, тогаш зошто ни е таквата слобода? Но тоа, како народ, најдобро ќе можеме да го оставруваме само со духовно и национално единство!

Човекољубивиот Господ, Дарителот на слободата, по молитвите на светиот пророк Илија, на светите Климент и Наум Охридски, и на сите светии, нека ни помагаат да биде така, меѓу Македонците и меѓу сите слободољубиви луѓе и народи, и овде во Татковината и насекаде по светот!

Нека ни е честит и вечен Илинден! Амин!

† СТЕФАН

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
заедно со членовите на Светиот архијерејски синод
на Македонската Православна Црква  – Охридска Архиепископија

 

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралиско-новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и
администратор Австралиско-сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

 На Илинден, 2021-во лето Господово

 

 

 

Најнови Вести

ЕВЕ ЈА ВИСТИНАТА ЗА ПОСЛЕДНАТА СОСТОЈБА НА ПРАВОСЛАВИЕТО И НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА!

11.03.2024
Со голема благодарност кон Митрополитот г. Агатангел кој детално ја образложи Православната Црковна состојба во однос Автокефалноста на нашата Македонска Православна Црква! Секој кој е во двоумење во врска Признавањето на Автокефалноста на МПЦ – ОА ПРВА ЈУСТИНАЈАНА од страна на СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – за секое ваше прашање ќе најдете одговор во ова Послание […]... [Повеќе...]

Интервју со Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан: Да продолжиме по патот на вистината

22.02.2024
21.02.2024 1. Ваше Блаженство, пред 25 години, во 1999 г. на Црковно-народниот собор во Охрид, бевте избран за петти Архиепископ на Македонската Православна Црквa. Во изминативе 25 години, Синодот на Македонската Православна Црква растеше и денес брои деветнаесет архиjереји, што говори дека сме жива Црква. Како народ, колку сме воцрковени и колку нашата Црква успева […]... [Повеќе...]

Послание за Божиќ 2024

07.01.2024
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ, КАКО ЦРКВА И НАРОД ДА ГО СОЧУВАМЕ НАШЕТО – МАКЕДОНСКОТО! Неговото Блаженство г.г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, поглавар на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, по повод големиот христијански празник Рождеството Христово, упати Божикно послание, во кое се вели: Возљубени празникољупци, […]... [Повеќе...]

На Павловден, 13 јули, на покана на епископот Новограчанички-среднозападноамерикански, г. Лонгин, од СПЦ,

21.07.2023
На Павловден, 13 јули, на покана на епископот Новограчанички-среднозападноамерикански, г. Лонгин, од СПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во придружба на Митрополитот Американско-канадски г. Методиј, протоереј-ставрофор Синиша Ристовски, свештениците Георгиј Глигоров, Александар Митров, Даниел Јовановски и протоѓаконот Александар Димитријов, беше во посета на манастирот Нова Грачаница, близу Чикаго. Архиепископот и Митрополитот беа пречекани свечено […]... [Повеќе...]

Архиепископот Стефан и Митрополитот Методиј, Осветување на иконите и фреските, Божествена Архиерејска Литургија и Помен

15.07.2023
Tomorrow, Sunday, July 16th at 10 am – Welcoming of the Archbishop Stefan and the Metropolitan Metodij, Consecration of the icons and frescoes, Divine Hierarchical Liturgy and Memorial service for all passed individuals who invested themselves for the formation and building of our church. Утре, Недела, 16ти јули во 10 ч. – Пречек на Архиереите, […]... [Повеќе...]

ПРОТЕСТ НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОА по повод Законите за родова еднаквост

29.06.2023
Возљубени чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Согласно заеднички изградениот став на седницата на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од 20. 06. 2023 година, изразен преку Соопштение испратено до јавноста, Ве известуваме дека Собирот против Законите за родова еднаквост и матична евиденција ќе се одржи пред Соборниот храм […]... [Повеќе...]

СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД (САС) НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА (МПЦ-ОА)

25.06.2023
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА) по канонскиот отпуст на архијереите г. Јован, г. Јоаким, г. Марко и г. Давид од Соборот на СПЦ, денеска ги прифати во своја канонска јурисдикција и им определи епархии и задолженија. Синодот на својата редовна седница во пленарен состав одлучи Крушевско-демирхисарската епархија да […]... [Повеќе...]

ЗАЕДНИЧКА МЕЃУЦРКОВНА СВЕТА БОГОСЛУЖБА НА МПЦ-ОА И СПЦ СЕ ОДБЕЛЕЖА ГОДИШНИНАТА ОД ДОБИВАЊЕ НА АВТОКЕФАЛНИОТ ТОМОС ОД СТРАНА НА СПЦ

06.06.2023
Ете тоа е ЕДНАТА СВЕТА СОБОРНА ХРИСТОВА ЦРКВА! “Вие сте телото Христово Покажувајте ревност за поголеми дарби;” (1Кор.12,27+31); Да ги знам сите тајни, да ги имате сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувате, – ако љубов немате, ништо не сте”.(1Кор.13,2) Денес, 5 Јуни 2023 на Духовденскиот Понеделник, […]... [Повеќе...]

Втор ден Духовден

06.06.2023
Храм „Света Софија (Премудрост Божја”) Заедничко богослужение на Поглаварите на МПЦ-ОА Јустинијана Прима и СПЦ Архиепископ Охридски и Македонски Г-дин Г-дин Стефан и Српскиот Патријарх Г-дин Г-дин Порфириј. Одбележана една година од воспоставување на единството помеѓу двете Цркви, т.е., од доделувањето Томос од СПЦ за МПЦ. И враќање на одметнатата ПОА во Мајката Црква – […]... [Повеќе...]

МПЦ-ОА: Никој освен Македонците не се обиде да ја возбнови Охридската Архиепископија

10.04.2023
Април 6. 2023 Скопје, Република Македонија Во проолжение целото соопштение на МПЦ-ОА. Во врска со гласините и предлозите што можат да се слушнат периодов, а во контекст на (зло)употребата на светителите во дневнополитичка конотација, должни сме да дадеме конкретно објаснување. Имено, светителите се оние кои, поради нивната љубов кон Бога и нивниот животен подвиг, ја […]... [Повеќе...]

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА ПРВА ЈУСТИНИЈАНА

01.04.2023
Синодот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија се изјасни дека е против поцрнување на крстовите и во нашите храмови… Цариград веќе со оваа одлука ако не им беше јасно сега им е целосно дека МПЦ -ОА е рамноправна Помесна Црква со сите останати Цркви и таа ги носи своите одлуки независно од другите… Сега […]... [Повеќе...]

Црквата со јасна порака: Историската комисија да ги тргне рацете од Македонската Православна Црква Охридската Архиепископија

27.03.2023
МАКЕДОНИЈА  26.11.2022 Црковните прашања не смеат да бидат тема на дискусија на мешовитата Македонско-бугарска историска комисија. Охридската Архиепископија има јасна и потврдена историја за нејзиното создавање, порача претседателот на комисијата за односи меѓу верските заедници Даријан Сотировски. Тој во изјава за „Сител“ порача дека сите прашања поврзани со црквата не смеат да бидат тема на […]... [Повеќе...]

Сослузување

18.03.2023
. 03.12.2023  Во Српската православна црква “света Петка” во Виндзор – Канада, во Неделата на Православието и во братско и сестринско Богослужение се отслужи света Божествена литургија во братско заедништво на српски и македонски свештено-служители. Светата литургија беше предводена од двајцата архиереи: Епископот канадски г. Митрофан и епископот Буеносаирески-јужно и централно амерички г. Кирило, а […]... [Повеќе...]

Македонски јазик ѕвонеше во Витлеемската пештера!

28.02.2023
Според присутните свештени лица, за првпат на литургија сослужуваше и наш македонски свештеник од Македонската православна црква ОА и за првпат верниците примија Света причест од македонски свештеник во Витлеем. Во литургијата сослужуваше отец Синиша Ристовски. Македонските верници со восхит и благост во душата за весникот ВЕЧЕР раскажуваат за радоста да присуствуваат на ваква литургија […]... [Повеќе...]

Портпаролот на ПАТРИЈАРХОТ Неговата Сесветост г.г. КИРИЛ на Руската Православна Црква, митрополитот г. Антониј дојде во тридневна работна посета на Македонската Православна Црква

14.01.2023
Велелепна архијерејска богослужба во Лесновскиот манастир која останува за во историјата на МПЦ! ПРОСЛАВА НА СПОМЕНОТ НА СВЕТИОТ ГАВРИЛ ЕПИСКОП ВЕЛИЧКИ – СВЕТОГОРЕЦ ВО ЛЕСНОВСКИОТ МАНАСТИР На 12.01.2023 година, кога Светата Православна Црква и Лесновскиот Манастир го празнуваат споменот на Светиот Гаврил Епископ Велички – Светогорец, во Лесновската Света Обител беше отслужена Света Архиерејска Литургија, […]... [Повеќе...]

БОЖИКНО ПОСЛАНИЕ, Г.Г.СТЕФАН

07.01.2023
Да се покажеме како миротворци, богољупци и човекољупци! 0701/ на Божиќ – 2023 Со доволни грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме: Татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци. А, во овие времиња-невремиња, во коишто владеат многубројни искушенија и предизвици, да се покажеме доследни следбеници на […]... [Повеќе...]

Архиепископот Стефан на средба со рускиот амбасадор и со рускиот црковен претставник во Софија

19.12.2022
15 Новембар 2022 Рускиот Амбасадор Сергеј Баздникин, заедно со настојателот на подворјето на Руската Православна Црква во Софија, Бугарија, архимандрит Васиан, биле на средба со Архиепископот г. г. Стефан. Но Средбата, на која присуствувал и Епископот Хераклејски г. Климент се одржала на 11 ноември во Архиепископоијата во Скопје. МПЦ-ОА, не споделува детали за што е […]... [Повеќе...]

ВБРОЈУВАЊЕ НА ПРЕПОДОБНИОТ КИРИЛ ЛЕШОЧКИ ВО ДИПТИХОТ НА СВЕТИИТЕ

19.10.2022
. На 16.10. 2022 година во Соборниот храм св.Кирил и Методиј – Тетово, Неговото Блаженство Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, г. г. Стефан, отслужи Божествена Литургија во сослужение на: Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополит Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Митрополит Европски г. Пимен, Митрополит […]... [Повеќе...]

Во Ерусалим прво сослужување и со Бугарската и Руската црква

27.09.2022
Септембар 25 2022 Полека, но сигурно, МПЦ-Охридската Архиепископија чекори кон нејзино полноправно прифаќање во Православниот свет, практично демонстрирајќи го тоа преку заедничко сослужување со архиереи на помесните православни цркви. Посетата на Епископот Антаниски, г. Партениј на Ерусалимската Патријаршија беше добра можност за проширување на кругот сестрински православни цркви со кои се воспоставува канонско единство преку […]... [Повеќе...]

СВЕТИОТ ПАТРИЈАРХ Г.Г. КИРИЛ испрати писмо до АРХИЕПИСКОПОТ СТЕФАН

11.09.2022
Поглаварот на Руската црква, Патријархот Кирил испрати писмо до поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан во кое го запознал со одлуката на Светиот Синод на РПЦ дека ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА и го впиша Поглаварот на МПЦ во диптихот – со следната содржина: До Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и Митрополит Скопски […]... [Повеќе...]

Се одржа на 3 и 4 Септември оваа 2022 48-от Црковно народниот собир На Американско-канадската Македонска епархија

06.09.2022
Во Македонската Православна Црква „Св. Кирил и Методиј“ во Willowbrook Chicago Illinois, се одржа 48-от Македонско Црковно-народниот собир на Македонската Американско-канадска епархија. Во црковната сала на цркавата домаќин, како вообичаено отпочна во саботата на 3-ти Септември со Епархиското собрание во 9:00, присуствуваа сите парохиски свештеници, претседателите и делегатите на црковните општини на скоро сите Македонски […]... [Повеќе...]

РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ја призна Автокефалноста на МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

26.08.2022
На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската Православна Црква, беше слушната пораката на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил за доделувањето од страна на Српската Православна Црква за автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридската Архиепископија, се вели во соопштението на Руската Православна Црква кое го пренесуваме […]... [Повеќе...]

Архиепископот Стефан за “Политика” Немаме ништо против да не нарекуваат Охридска Архиепископијa

27.07.2022
Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во интервју за белградска „Политика“ вели дека не е проблем што грчкиот блок од православните цркви ќе ја нарекува нашата црква само Охридска архиепископија, а не и Македонска православна црква. „Свесни сме за чувствителноста на прашањето на ова наше име кај грчкиот блок од православните цркви. Затоа, нема да […]... [Повеќе...]

СПЦ и официјално со Томос ја призна полната автокефалност на МПЦ – ОА и со никакви условувачки клаузули не ја ограничи нејзината автокефалност и устројство во поглед на нејзиното име, опсегот на нејзината јурисдикција и пастирската грижа за нејзиниот верен Македонски народ во татковината и дијаспората

12.06.2022
06/06/2022 148 Вчера, на 5 јуни 2022 година, во Неделата на Светите отци од Првиот Вселенски собор, Неговата Светост Патријархoт Српски г.г. Порфириј чиноначалствуваше со Светата Архиерејска Литургија во соборниот храм „Свети Архангел Михаил“, во Белград, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во сослужение на Високопреосветените Митрополити Преспанско-пелагониски г. […]... [Повеќе...]

Грчки митрополит: Охридската Архиепископија станува призната црква

18.05.2022
Вселенската Патријаршија како Мајка Црква, во 19 и 20 век, по создавањето и граничното одредување на националните држави на Балканот, со Патријаршиски и Синодални Томоси создаде автокефални Цркви (Грција, Србија, Романија, Бугарија, Албанија). Тие автокефални Цркви ја опфаќале областа на една конкретна национално-државна единица. Доколку се случело да се прошират државните граници, Мајката Црква на […]... [Повеќе...]

ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ЈА ПРИЗНА МПЦ-ОА НА ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА И ВОСПОСТАВИ КАНОНСКО ЕДИНСТВО

12.05.2022
Синодот на Всленската патријаршија ја тргна 55 годишната шизма од Македонската парвославна црква и одлучи да воспостави канонско и евхаристичко општење со македонските владици, свештениците и со народот. Тоа практично значи дека Вселенската патријаршија ја призна МПЦ-ОА, Црквата на Македонскиот народ во Македонија и надвор од Македонија, сега ќе може да сослужува со нејзе. Со […]... [Повеќе...]

МИТРОПОЛИТОТ Г. ТИМОТЕЈ: ОДЛУКАТА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА Е ПРИЗНАНИЕ НА ИСТОРИСКИ КОНТИНУИТЕТ

10.05.2022
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија изразува најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на ерархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква. […]... [Повеќе...]

Серадосно благовестие од Цариград: Вселенската Патријаршија ја призна нашата древна и возобновена Охридска Архиепископија за канонска

10.05.2022
• 26 април/9 мај 2022 лето Господово Овој ден го создаде Господ да се зарадуваме и развеселиме во него! „Ден на Воскресение, да се просветиме, луѓе“, зашто стигна благата вест за воскресението на нашата славна и света, древна и најсакана Охридска Архиепископија! Како што некогаш Христовото Евангелие засветли среде нашиот народ преку светите и Божествени […]... [Повеќе...]

ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ: БОЖЕ ДАРУВАЈ НИ МУДРОСТ И ЕДИНСТВО ЗА ОДБРАНА НА МАКЕДОНСКАТА ПОСЕБНОСТ, ЗА ОДБРАНА ОД СИТЕ КОИ САКААТ ДА ГО ИЗБРИШАТ МНОГУВЕКОВНОТО ПРИСУСТВО НА МАКЕДОНЦИТЕ ПО МАКЕДОНСКАТА ЗЕМЈА ВО МИНАТОТО И СЕГАШНОСТА!

23.04.2022
22 април 2022 година, Охрид, Македонија – Стефан по милоста Божја, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прва, заедно со Светиот Архиерејски синод, до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на Македонската православна Црква, а по повод Велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот и торжествен поздрав – Христ […]... [Повеќе...]

Односот помеѓу СПЦ и МПЦ во врска признавањето Автокефалност на МПЦ од страна на СПЦ

26.02.2022
Дванаесетте грешки на СПЦ Прва: се договориле во 1992 година, делегациите на СПЦ и МПЦ, на средбата во манастирот Калишта – Струга, проблемот меѓу двете цркви да го решат најпрво со заедничко служење на Света Литургија. Во Белград тоа е одбиено. Водачот на српската црковна делегација е сменет. Втора: на средбата во Бигорски манастир, во […]... [Повеќе...]

Ја разбираме ли добро пораката на блаженјејшиот наш Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. СТЕФАН :

15.01.2022
30 декември 2021 / 12 јануари 2022 Протоереј Митко Попоски Ја разбираме ли добро пораката на блаженјејшиот наш Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г. г. СТЕФАН : Возљубени чеда на мајката Македонска Црква, „Од нас, како од македонски народ, држава и Црква, во ова време преполно со искушенија, се бара поголема грижа […]... [Повеќе...]

Божиќно послание на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан

08.01.2022
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан на Прва Јустинијана   † СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА НА ПРВА ЈУСТИНИЈАНА И Словото стана […]... [Повеќе...]

Свети Климент – Прославен во Торонто, Канада

09.12.2021
СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ Патронот на Македонската Православна Црква 09 Август и 08 Декември Светата Богослужба предводена од парохискиот свештеник м-р отец Сашо Целески, а во сослужение на повеќе свештенослужители активни и пензионирани, во присуство на голем број верни чеда на Македонската Православна црква, беше величествено прославен Патрониот празник на Македонската Православна Црква и на Епархискиот […]... [Повеќе...]

Осветена црквата „Св. Атанасиј“ во Богданци

05.12.2021
ФОТОГРАПХИИ ..    На 14. 11. 2021 година, на денот кога светата православна црква си спомнува за светите бесребреници Козма и Дамјан, од страна на Митрополитите Повардарски г. Агатангел, Преспанско-пелагониски г. Петар, Европски г. Пимен, Брегалнички г. Иларион, Епископот Стобиски г. Јаков, како и од бројно свештенство на МПЦ-ОА, беше осветена црквата „Св. Атанасиј Велики“ […]... [Повеќе...]

ОД БИБЛИСКАТА ИСТОРИЈА Временска линија на Стариот Завет 2100 г. пред Христа

11.10.2021
Многу наведени години се приближни и може да варираат според различни изучувања БИТИЕ Некои научници го даваат раѓањето на Авраам во 1952 година пред Христа • Авраам 2166 – 1991 BC • Исмаил 2080 – 1943 BC • Исак 2066 – 1886 BC • Јаков (Израел 2005 – 1859 BC • Јосиф 1914 – 1805 […]... [Повеќе...]

ОСВЕТУВАЊЕ НА ЦРКВАТА СВЕТИ ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ ВО КАВАДАРЦИ

11.10.2021
Кликни да го видете видеото -> https://fb.watch/8z51YOS4-z/... [Повеќе...]

Семакедонски христијански православен собор

11.10.2021
На денот на кои го чествуваме споменот на сите македонски светители, во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, беше одржан традиционалниот Семакедонски христијански православен собор. Со светата Божествена литургија чиноначалствуваше Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на бројно свештенство на Повардарската епархија, а молитвено присуствуваа голем број верници, исто така, од сите градови на […]... [Повеќе...]

Интервју, Со Архиепископот Охридски и Македонски ОА На Јустинијана Прима Г. Г. Стефан

11.10.2021
1. Ваше Блаженство, кои се канонските основи врз кои се темели автокефалноста на Македонската Православна Црква? Архиепископот: Православната Црква е Една, Света, Соборна и Апостолска. Нејзината поделба на самостојни цркви, автокефални или автономни, не му противречи на единството на Црквата, зошто, како вели познатиот канонист Валсамон – „сите цркви Божји се сметаат за едно тело“, […]... [Повеќе...]

По повод 8 Септември

10.09.2021
Денот на независноста на Република Македонија, се одржа пикник во повеќе црковни општини на Македонската Православна Црква на Американско-Канадската епархија      ... [Повеќе...]
Илинден

ИЛИНДЕНСКА ПОСЛАНИЦА

04.08.2021
† СТЕФАН  ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА, А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА         Стојте така во слободата, со која Христос нѐ ослободи, и не […]... [Повеќе...]

МПЦ-ОА на Јустинијана Прима благослови и прогласи тројца нови светители

12.07.2021
Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, тројцата монаси кои настрадаа во 1558 година, кога турската војска го нападна манастирот „Света Богородица Пречиста“ вчера од верниците и достоинствениците на МПЦ-ОА беа благословени и прогласени за нови светци на богослужбата во кичевскиот манастир. Луѓето ја допираа иконата која им ја претстави архиепископот Стефан со ликовите на тројцата монаси. Тие […]... [Повеќе...]

Oд кабинетот на архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

12.07.2021
Во јавноста и во дел од медиумите се пишуваше дека МПЦ-ОА ќе го менува името, односно дека ќе ја избрише придавката „македонска“. Но од кабинетот на архиепископот г.г. Стефан испратија демант до јавноста, во кој се негира секоја промена на името на црквата, особено нагласувајќи дека нема никакво бришење од називот на Македонската православна црква-Охридска […]... [Повеќе...]

Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА

13.06.2021
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА)   Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со Коронавирусот. Во таа насока, САС се оградува од изнесените лични ставови […]... [Повеќе...]

К О Н К У Р С

14.05.2021
Македонска Православна Црква Macedonian Orthodox Church   За прием на ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје за учебната 2021/22 година Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: – Да завршиле основно образование; – Да имаат основно познавање од Православието; – Да се телесно и душевно здрави; – Да не се постари […]... [Повеќе...]

Светоста е основниот мотив во животот на христијаните

12.05.2021
Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски ОА На Јустинијана Прима Г. Стефан   Светоста е основниот мотив во животот на христијаните, тоа е нашата егзистенцијална цел, односно светоста е богопоставената реализацијата на човечката личност. Бидете свети, бидејќи Јас Сум свет, нè повикува нашиот Господ Бог. И сите, неизоставно, следејќи ги и применувајќи ги критериумите поставени […]... [Повеќе...]

ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ ОА СТЕФАН

04.05.2021
† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСE! Во светот ќе имате маки; само не бојте се, […]... [Повеќе...]

НА ВЕЛИКА САБОТА ВО ЦРКВАТА „СВ. НИКОЛА“ ВИНДЗОР, ОНТАРИО. КАНАДА

04.05.2021
Велика сабота е: Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Велика сабота е: Денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Велика Сабота е денот: На слегувањето на Несоздадениот Благодатен Оган од Небото! Овој е втор ден […]... [Повеќе...]

Во Египет откриени христијански урнатини кои ја потврдуваат „природата на монашкиот живот“ во тој регион

05.04.2021
• 03 март/16 март 2021 лето • Француско-норвешки археолошки тим откри нови христијански урнатини во пустина во западниот дел на Египет, со што се потврдува дека постоел монашки живот во регионот во петтиот век од нашата ера, соопшти египетското министерство за антиквитети. „Француско-норвешката мисија за време на своето трето ископување на локалитетот Тал Гануб Каср […]... [Повеќе...]

(2010-2014) Научници тврдат дека во источна Турција пронашле остатоци од Ноевата арка (Брод)

23.03.2021
Меѓународна група научници, меѓу кои има кинески и турски претставници соопшти дека на височина од околу четири илјади метри на планината Агр во источна Турција пронашла остатоци од дрвен брод, кој датира од пред 4.800 години, кој според екипата се од Ноевата арка. Научниците тврдат дека остатоците покажуваат дека на бродот имало многу простории, во […]... [Повеќе...]

† В А Р Т О Л О М Е Ј По милоста БожјаАрхиепископ Константинополски, на Нов Рим и Вселенски Патријарх

15.03.2021
Огласително слово за почетокот на Светата и Велика Четириесетница 28 февруари/13 март 2021 лето Господово † В А Р Т О Л О М Е Ј по милоста БожјаАрхиепископ Константинополски, на Нов Рим и Вселенски Патријарх Досета полнота на Црквата, благодат и мир нека биде од Спасителот и Господ наш Исус Христос, а од нас […]... [Повеќе...]

Интервју на Митрополитот Агатангел

10.03.2021
Агатангел: Лани не зaтворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, а за другите празници од другите вероисповести беше се слободно Лани не затворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, а за другите празници од другите вероисповести беше се слободно, истакна вечерва на ТВ Алфа Митрополитот Повардарски Агатангел. Тој вели дека се надева дека ќе биде […]... [Повеќе...]

САС на МПЦ – ОА со голема загриженост..

01.03.2021
САС на МПЦ – ОА со голема загриженост ја разгледа појавата на антицрковни тенденции, кои, свесно или несвесно, го нарушуваат единството и чистотата на правoславната вера, како и духовниот и канонски поредок. Ваквите пројави главно се демонстрираат на социјалните мрежи, каде што преку духот на осудата, а за некакво божемно „отстапување од светите канони“ се […]... [Повеќе...]

Архиепископот Стефан испрати честитка до новиот Српски патријарх

01.03.2021
До Неговата Светост, Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. ПОРФИРИЈ Ваша Светост, Од Наше, како и од името на браќата архијереи, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, примете најискрени честитки по повод Вашиот избор, со кој Семудриот Бог, по својата вечна промисла за спасение на сите, Ве […]... [Повеќе...]