“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА
Светиот архијерејски синод (САС) на
Македонската Православна Црква
Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА)
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со Коронавирусот. Во таа насока, САС се оградува од изнесените лични ставови на свештеникот Стеван Здравевски, од Преспанско-пелагониската епархија, искажани околу сесветската пандемија од Ковид – 19, коишто не се во согласност со учењето и исповедањето на православната вера.
САС апелира до верниот народ, свештенството и монаштвото, да не бидат воведени во заблуда од ваквите погрешни ставови, внимавајќи и на пројавената намера за создавање култ од нечија личност.
Се препорачува на епархискиот архијереј да ги има предвид изјавите и повиците на споменатиот свештеник и да постапи согласно на своите надлежности.
Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА