www.m-p-c.org
As of March 23, 1998:
4,011,988
Дезајн од / Design by

Ace's Project Devgelopment Inc

SHEMA Logistics & Leveraged Communications Ltd.

г.г. Стефан 
                        Архиепископ 
                        Охридски и Македонски ОА 
                        на Јустинијана Прима и 
                        Митрополит Скопски 
                        ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА 
                        ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА
  г.г. Стефан
Архиепископ
Охридски и Македонски ОА
на Јустинијана Прима и
Митрополит Скопски
ПОГЛАВАР НА МАКЕДОНСКАТА
ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

 
  г. Петар 
                        Митрополит 
                        Преспанско-Пелагониски и 
                        Австралиско - Новозеландски
  г. Петар
Митрополит
Преспанско-Пелагониски и
Австралиско - Новозеландски

 
  г. Тимотеј 
                        Митрополит 
                        Дебарско - Кичевски и 
                        Австралиско - Сиднејски
  г. Тимотеј
Митрополит
Дебарско - Кичевски и
Австралиско - Сиднејски

 
  г. Наум 
                        Митрополит Струмички
  г. Наум
Митрополит Струмички

 
  г. Агатангел 
                        Митрополит Повардарски
  г. Агатангел
Митрополит Повардарски

 
  г. Иларион 
                        Митрополит Брегалнички
  г. Иларион
Митрополит Брегалнички

 
  г. Методиј 
                        Митрополит 
                        Американско-Канадски
  г. Методиј
Митрополит
Американско-Канадски

 
  г. Пимен 
                        Митрополит Европски
  г. Пимен
Митрополит Европски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит 
                        Тетовско - гостиварски
  г. Јосиф
Митрополит
Тетовско - гостиварски

 
  г. Григориј 
                        Митрополит 
                        Кумановско - осоговски
  г. Григориј
Митрополит
Кумановско - осоговски

 
  г. Јосиф 
                        Митрополит Осоговски
  г. Јосиф
Митрополит Осоговски

 
  г. Климент 
                        Епископ викарен - хераклејски
  г. Климент
Епископ викарен - хераклејски

 
  г. Партениј 
                        Епископ викарен 
                       Бигорско - Антаниски
  г. Партениј
Епископ викарен
Бигорско - Антаниски

 
  г. Јаков  
                        викарен епископ Полјански на  
                        Митрополитот струмички
  г. Јаков
викарен епископ Полјански на
Митрополитот струмички

 
 


ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ ОА СТЕФАН

† СТЕФАН

ПО МИЛОСТА БОЖЈА,
АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,
ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,
ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,
МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА
МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА,
А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,
ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА,
ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И
ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ –
ХРИСТОС ВОСКРЕСE!

Во светот ќе имате маки; само не бојте се, зашто Јас го победив светот

Возљубени празникољупци,

Велигден, денот на Христовото воскресение, е празник на животот и настан што ја промени историјата на светот. Воскреснатиот Господ е почеток и крај, и под небото нема друго име со кое би можеле да се спасиме. Така и оваа година, минувајќи низ времето на Светата Четириесетница преку подвигот на постот и молитвата, и потсетувајќи се на сè што Господ поднесе во деновите на страданијата, се удостоивме да навлеземе во вечносветлата и незаодна ноќ и да станеме сорадосници во Христовото светлоносно воскресение.

Созерцавајќи го ова воскресенско торжество, гледајќи ја и доживувајќи ја радоста од победата на животот над распадливоста и над смртта, се потсетуваме на зборовите на апостолот Павле дека христијаните се разликуваат од другите, што немаат надеж. Па, токму Воскресението е нашата надеж, не која треба да се очекува за да се исполни, туку надеж која веќе е остварена, зашто „од смртта кон животот и од земјата кон Небото, Христос Бог нè преведе“. Затоа „денес ликуваат ангелите и заедно се радуваат и се веселат Небесните сили поради општото спасение на човечкиот род“, поучува св. Јован Златоуст. И навистина, „нешто необично се случува по целиот свет: свештената и спасителна ноќ, станува голем и светлоносен ден“, истакнува еден светител од нашево време.

Воскресението Христово е темелот на нашата вера, на нашето служење на Бога, тоа е содржина на христијанскиот карактер, па дури и на културата на секој народ кој со името Христово се именува. Оттаму, нашиот живот, како православни христијани, треба да се напојува и да се храни од верата во Воскресението. И таквото секојдневно доживување на тој неповторлив настан не треба да биде само негово едноставно спомнување, како празнување заради празнување, туку треба да биде преживување и сведочење, да биде учество во сеспасителната победа на Животот над смртта, да биде наше постојано духовно обновување. Зашто, во Христа, нашиот живот треба да се преобразува, да се поправа, чекорејќи по патот кон обожувањето. Овој процес треба да го доживуваме и како наше сопствено воскресение, како лична Пасха и како Пасха на идниот век, за која Христос, откако ја изврши Тајната вечера, рече: Нема да пијам од овој лозов плод сè до оној ден, кога ќе пијам нов co вас во царството на Мојот Отец. И само така нашето празнување ќе има вистинска смисла: кога како христијани ќе се трудиме преку личниот подвиг да преминеме од Пасхата на Божјата благодат, а тоа е Воскресението Христово, во вечната Пасха – Царството небесно.

Но, дали ние постојано и секогаш тоа го чувствуваме? Дали нашето срце Му е блиско на Бога, дали е чисто за да Го види Бога? Дали сме познале дека љубовта е суштината на животот во Христа, не само овде, во сегашноста, туку и во вечноста, според пораката на Спасителот дека Тој е во секој наш ближен: Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле. Затоа треба да живееме со покајанието и со молитвата, и низ свето-таинскиот живот во Црквата, зашто „со Христа се раѓаме, со Него се распнуваме, со Него се погребуваме и со Него треба да совоскреснеме“, поучува свети Григориј Богослов.

Возљубени чеда на Мајката Македонска Црква,

Живееме во време со постојани искушенија. Често, и од сите страни на светот, доаѓаат вести за воени судири, за терористички напади, за страдања, за природни катастрофи, за криминални дела, за глад, за тешки болести, за сиромаштија и сл. Како и сиот свет, и ние во овие тешки времиња се соочуваме со здравствени проблеми – со ширењето на заразната болест, која прерасна во сесветско искушение што продре во сите сегменти од живеењето. Всушност, овој проблем повлече неприлики не само по здравјето на луѓето, туку и по безбедноста, економијата, па дури и по одговорноста на секој од нас како поединец во општеството, но и за нас како Црква. Исто така, ова искушение ја стави на испит и нашата вера. Како верен народ и Црква се соочивме можеби со најголемиот предизвик: како да се однесуваме одговорно и како да ја запазиме верата? Многумина меѓу нас постапија по снисходење, следејќи ги примерите од свештената историја на Црквата во ваквите ситуации, како и актуелните чекори на повеќето од Православните Цркви, соработувајќи со оние кои ја понесоа тежината на овој заеднички проблем и во чија одговорност е, и ќе биде – да го запазат општото добро.

Затоа татковски повикувавме и повикуваме на трпеливо прифаќање и спроведување на мерките пропишани од одговорните, и од Црквата и од световната власт, па времето што ни е допуштено да го искористиме за духовно единство во предложеното послушание. Беше и сè уште е потребно, низ разните лишувања кои ни се благословуваат, да се оддадеме на заедничка молитва за целиот свет: и за тие што боледуваат, и за тие што се трудат околу нив, како и за душите на оние коишто починаа од последиците на болеста. Да бараме жртва не од другите, туку од себе, и да не го забораваме советот од Отците: „Побрзај особено да бидеш блиску до оној којшто моли и доброволно притекни му на помош“. Православната вера е живо слово и ниедна вонредна ситуација не може да ја ограничи верата што знае за љубов и послушание, што е утврдена врз надежта во зборовите Христови: Нема да ве оставам сираци. Ете, Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот.

Возљубени во Христа Воскреснатиот,

Во овој период, како народ сме исправени и пред разни предизвици, кои нè засегаат не само во денешницата, туку и особено во иднината. Беше најавен попис на населението, па поради пандемијата е одложен. Но кога и да се одржи, и како жители и како Македонци, потребно е задолжително да ја извршиме таа обврска, која ќе покаже не само колку сме, туку и каде сме, а сето тоа да се организира и да биде усогласено со меѓународните стандарди. Инаку, оставајќи им ги политичките предизвици на избраните од народот, чија задача е да служат најдобро и да ги запазат интересите на сопствениот народ, сепак не може да се молчи пред иницијативите на некои групи, кои сакаат своите определби да ги наметнат над мнозинството. Така, во образованието, во форма на некакви чудни реформи, од кои е исклучена објективната јавност, се прифаќа менувањето на нашиот историски, културен и духовен идентитет. На овој начин е засегната не само нашата сегашност, туку и иднината, зашто децата уште од најмала возраст се насочуваат кон туѓи, несоодветни и недостојни вредности, со кои се разнебитува личноста, а кои се спротивни на светогледот на нивните родители. Предложените процеси се толку еднострани и во нашиот општествен контекст многу недоследни, па во отвореното општество за сите, нема место за етиката и моралните вредности на религиите, нема место за искуството на Црквата, нема место за Бога!

Возљубени во Господа,

Христијанскиот живот е борба за доброто и спасоносното, за правдата и за вистината, а против сите зла, и во себе и кај другите. Но, да не очајуваме, зашто Христос го победи секое страдање и ја донесе радоста, осветлувајќи ја вселената. Нашата вера нè учи дека на страдањето треба да му пристапуваме крстовоскресно, доживувајќи го преку Воскресението, сведочејќи дека ништо не може да нè оддели од љубовта Божја. Неправди имало и ќе има, но христијански е да не отстапуваме пред нив и уште поревносно да Му се молиме на Оној, Кој може да изврши изобилно сè што бараме или помислиме, и да се надеваме на Оној, Кој ги воскреснува мртвите и Кој направи засекогаш да се веселат небесните и да се радуваат земните.

Просветлени со невечерната светлина, „да застанеме добро, да застанеме со страв, да внимаваме“, водејќи одлучна борба против сите неправди и страдања.

Да Му бидеме благодарни за сè на Бога ‒ постраданиот и воскреснатиот, покорувајќи се на Неговата волја и молејќи Го да нè упати кон секое добро дело, да нè просветли со разумот на знаењето, да нè утврди непоколебливо во верата и да нè подготви за достојни исполнители на Евангелието на љубовта.

Честитајќи ви го Празникот над празниците, на сите чеда на Мајката Македонска Црква, во Татковината и насекаде по светот − ве поздравуваме со најрадосниот поздрав:

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

АРХИЕПИСКОП
ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ
† С Т Е Ф А Н

заедно со членовите на Светиот архијерејски синод
на Македонската Православна Црква
– Охридска Архиепископија

† ПЕТАР, Митрополит Преспанско-пелагониски и
администратор Австралиско-новозеландски
† ТИМОТЕЈ, Митрополит Дебарско-кичевски и
администратор Австралиско-сиднејски
† НАУМ, Митрополит Струмички
† АГАТАНГЕЛ, Митрополит Повардарски
† МЕТОДИЈ, Митрополит Американско-канадски
† ПИМЕН, Митрополит Европски
† ИЛАРИОН, Митрополит Брегалнички
† ЈОСИФ, Митрополит Тетовско-гостиварски
† ГРИГОРИЈ, Митрополит Кумановско-осоговски

На Велигден, 2021 лето Господово

 

Најнови Вести

МПЦ-ОА на Јустинијана Прима благослови и прогласи тројца нови светители

12.07.2021
Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, тројцата монаси кои настрадаа во 1558 година, кога турската војска го нападна манастирот „Света Богородица Пречиста“ вчера од верниците и достоинствениците на МПЦ-ОА беа благословени и прогласени за нови светци на богослужбата во кичевскиот манастир. Луѓето ја допираа иконата која им ја претстави архиепископот Стефан со ликовите на тројцата монаси. Тие […]... [Повеќе...]

Oд кабинетот на архиепископот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

12.07.2021
Во јавноста и во дел од медиумите се пишуваше дека МПЦ-ОА ќе го менува името, односно дека ќе ја избрише придавката „македонска“. Но од кабинетот на архиепископот г.г. Стефан испратија демант до јавноста, во кој се негира секоја промена на името на црквата, особено нагласувајќи дека нема никакво бришење од називот на Македонската православна црква-Охридска […]... [Повеќе...]

Од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА

13.06.2021
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА)   Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), го поддржува процесот за имунизација на населението, сметајќи го за потребен во надминувањето на кризата со Коронавирусот. Во таа насока, САС се оградува од изнесените лични ставови […]... [Повеќе...]

К О Н К У Р С

14.05.2021
Македонска Православна Црква Macedonian Orthodox Church   За прием на ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје за учебната 2021/22 година Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови: – Да завршиле основно образование; – Да имаат основно познавање од Православието; – Да се телесно и душевно здрави; – Да не се постари […]... [Повеќе...]

Светоста е основниот мотив во животот на христијаните

12.05.2021
Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски ОА На Јустинијана Прима Г. Стефан   Светоста е основниот мотив во животот на христијаните, тоа е нашата егзистенцијална цел, односно светоста е богопоставената реализацијата на човечката личност. Бидете свети, бидејќи Јас Сум свет, нè повикува нашиот Господ Бог. И сите, неизоставно, следејќи ги и применувајќи ги критериумите поставени […]... [Повеќе...]

ВЕЛИГДЕНСКО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОПОТ ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ ОА СТЕФАН

04.05.2021
† СТЕФАН ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА, А ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА, ПОЗДРАВУВАЈЌИ ГИ СО ВЕЛИЧЕСТВЕНИОТ И ТОРЖЕСТВЕН ПОЗДРАВ – ХРИСТОС ВОСКРЕСE! Во светот ќе имате маки; само не бојте се, […]... [Повеќе...]

НА ВЕЛИКА САБОТА ВО ЦРКВАТА „СВ. НИКОЛА“ ВИНДЗОР, ОНТАРИО. КАНАДА

04.05.2021
Велика сабота е: Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Велика сабота е: Денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Велика Сабота е денот: На слегувањето на Несоздадениот Благодатен Оган од Небото! Овој е втор ден […]... [Повеќе...]

Во Египет откриени христијански урнатини кои ја потврдуваат „природата на монашкиот живот“ во тој регион

05.04.2021
• 03 март/16 март 2021 лето • Француско-норвешки археолошки тим откри нови христијански урнатини во пустина во западниот дел на Египет, со што се потврдува дека постоел монашки живот во регионот во петтиот век од нашата ера, соопшти египетското министерство за антиквитети. „Француско-норвешката мисија за време на своето трето ископување на локалитетот Тал Гануб Каср […]... [Повеќе...]

(2010-2014) Научници тврдат дека во источна Турција пронашле остатоци од Ноевата арка (Брод)

23.03.2021
Меѓународна група научници, меѓу кои има кинески и турски претставници соопшти дека на височина од околу четири илјади метри на планината Агр во источна Турција пронашла остатоци од дрвен брод, кој датира од пред 4.800 години, кој според екипата се од Ноевата арка. Научниците тврдат дека остатоците покажуваат дека на бродот имало многу простории, во […]... [Повеќе...]

† В А Р Т О Л О М Е Ј По милоста БожјаАрхиепископ Константинополски, на Нов Рим и Вселенски Патријарх

15.03.2021
Огласително слово за почетокот на Светата и Велика Четириесетница 28 февруари/13 март 2021 лето Господово † В А Р Т О Л О М Е Ј по милоста БожјаАрхиепископ Константинополски, на Нов Рим и Вселенски Патријарх Досета полнота на Црквата, благодат и мир нека биде од Спасителот и Господ наш Исус Христос, а од нас […]... [Повеќе...]

Интервју на Митрополитот Агатангел

10.03.2021
Агатангел: Лани не зaтворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, а за другите празници од другите вероисповести беше се слободно Лани не затворија за најголемиот христијански празник Воскресението Христово, а за другите празници од другите вероисповести беше се слободно, истакна вечерва на ТВ Алфа Митрополитот Повардарски Агатангел. Тој вели дека се надева дека ќе биде […]... [Повеќе...]

САС на МПЦ – ОА со голема загриженост..

01.03.2021
САС на МПЦ – ОА со голема загриженост ја разгледа појавата на антицрковни тенденции, кои, свесно или несвесно, го нарушуваат единството и чистотата на правoславната вера, како и духовниот и канонски поредок. Ваквите пројави главно се демонстрираат на социјалните мрежи, каде што преку духот на осудата, а за некакво божемно „отстапување од светите канони“ се […]... [Повеќе...]

Архиепископот Стефан испрати честитка до новиот Српски патријарх

01.03.2021
До Неговата Светост, Архиепископ Пеќски, Митрополит Белградско-карловачки и Патријарх Српски г.г. ПОРФИРИЈ Ваша Светост, Од Наше, како и од името на браќата архијереи, свештенството, монаштвото и верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, примете најискрени честитки по повод Вашиот избор, со кој Семудриот Бог, по својата вечна промисла за спасение на сите, Ве […]... [Повеќе...]