“ВОЗЉУБИ ГО ГОСПОДА, СВОЈОТ БОГ, СО СЕТО СВОЕ СРЦЕ, И СО СЕТА СВОЈА ДУША, И СО СИОТ СВОЈ РАЗУМ; - ТОА Е ПРВАТА НАЈГОЛЕМА ЗАПОВЕД;
А ВТОРАТА Е СЛИЧНА НА НЕА: ВОЗЉУБИ ГО СВОЈОТ БЛИЖЕН КАКО СЕБЕ СИ!
НА ТИЕ ДВЕ ЗАПОВЕДИ СЕ КРЕПАТ ЦЕЛИОТ ЗАКОН И ПРОРОЦИТЕ“ (Матеја 22:37-40).
(2010-2014) Научници тврдат дека во источна Турција пронашле остатоци од Ноевата арка (Брод)
Меѓународна група научници, меѓу кои има кинески и турски претставници соопшти дека на височина од околу четири илјади метри на планината Агр во источна Турција пронашла остатоци од дрвен брод, кој датира од пред 4.800 години, кој според екипата се од Ноевата арка. Научниците тврдат дека остатоците покажуваат дека на бродот имало многу простории, во кои можат да бидат сместени животни. Екипата очекува помош од турските власти за заштита на регионот и ќе побара од УНЕСКО, тој да биде вклучен на списокот на светско културно наследство. Според еден од членовите на групата 99,9 проценти е веројатноста дека пронајдените остатоци се од Ноевата арка.
АГРИ (АА) – Во градот Агри, Турција, објавена е книга под наслов „Ноевата арка, откритието на векот“, на турските автори Еркан Коседаг и Џем Сертесен кои изнесуваат интересни податоци и тврдења за можното место на коешто се наоѓа Ноевата арка, јавува Anadolu Agency (AA).
Иако научниците од целиот свет со векови дискутираат за оваа тема, сè уште не е со точност утврдено каде се наоѓа оваа таинствена арка.
Инаку, по земјотресот во 1949 година, во близина на селото Телчекер, во Агри се појавија необични остатоци за кои некои научници тврдат дека припаѓаат на Ноевата арка.
Многу научници престојуваа таму со денови и месеци, со цел да се обидат да утврдат за што станува збор.
Меѓу нив се и Коседаг и Сертесен, кои во својата книга изнесуваат исклучително интересни податоци од, како што велат, трите големи свети книги.
Тие истакнуваат дека во сите три свети книги се говори за остатоците што денес се наоѓаат во селото Телчекер во Агри.
„Научниците од целиот свет спроведуваа бројни истражувања на подрачјето на планината Арарат. Во текот на последните 100 години, најголем број истражувања се спроведени на подрачјето попознато како Дурупинар. Остатоците во оваа област се појавиле по земјотресот во 1949 година“, рече Коседаг.
Тој посочи дека од претходните резултати од истражувањата може да се заклучи дека примероците од ридот покажале дека станува збор за материјал кој е многу сличен на железото, за што детално пишуваат во книгата.
„Нашето тврдење е дека арката сигурно се наоѓа на планината Арарат, поради што потребно е и понатаму да се продолжи со истражувањата на ова подрачје“, рече Коседаг.
Нагласи дека остатоците стари и до 4.000 години, кога приближно се верува дека дошло до општ потоп, по што, според Коседаг, на тоа подрачје заринкала Ноевата арка.
Ноева арка на Едвард Хикс (1780—1849)
Ноева арка — спрема Библијата арка изградена по Божја заповед за Ное да се спаси себеси и своето семејство како и животните од Потопот. Оваа приказна е содржана во хебрејската и христијанската старозаветна книга за Постанокот, поглавја 6-9
Место на планината Арарат за кој некои креационисти веруваат дека се остатоци од Ноевата арка
Спрема документарна хипотеза приказната за арката во „Книгата на постанокот“ би можела да претставува неколку оригинални квазинезависни извори, односно би можела да се создаде низ процес на збивање низ многу векови. Тоа би можело да ја објасни збрката во повторувањата во текстот. Многу ортодоксни Евреи, христијани и муслимани ја отфрлаат оваа хипотеза, сметајќи дека приказната за арката е вистината, дека има еден автор, и дека сите наводни недостатоци можат рационално да се објаснат.
Приказната за арката од „Книгата на постанокот“ има паралели со сумерскиот мит за Зиусудра, кој зборува како Бог го предупредил Зиусудра да изгради пловило со кое ќе ја избегне поплавата која Тој ја испратил. Помалку слични паралели можат да се најдат во многу други култури ширум светот. Всушност приказната за потопот е една од најчестите теми на митологиите ширум светот, што и скептиците и верниците го користат како доказ во прилог на својот став.
Приказната за арката била предмет на опсежни објаснувања во различни аврамски традиции, при што теориските и практичните решенија (на пр. како Ное се ослободувал од животинскиот отпад) се мешале со алегориските толкување (на пр. арката како претходник на црквата, му нуди спас на човештвото).
Од почетокот на XVIII век, развојот на геологијата и биогеографијата како науки овозможил на природонаучниците да го оспоруваат буквалното толкување на приказната за арката. И покрај тоа, библиските литералисти продолжуваат да ја истражуваат областа околу Арарат во североисточна Турција каде според Библијата била Ноевата арка.
Содржина:
Буквално толкување
Датирање
Количина на вода
Големина на арката
Ноевата арка како мотив во уметноста
Наводи
Литература
Надворешни врски
Христијаните и муслиманите кои буквално веруваат во постоењето на арката и потопот, ги бараат физичките остатоци од арката, со што би се потврдиле нивните мислења за разни теми, како што се геологијата и еволуцијата. Пребарувањата по Ноевата арка и денес се одвиваат на и околу планината Арарат во Турција. Пресметка која го датира постанокот и другите библиски случки која во 1650 година ја објавил ирскиот надбискуп Џејмс Ашер, потопот го сместува во 2348 година п.н.е. Мазоретскиот текст потопот го сместува 1656 години по постанокот.[1] Ашер пресметал дека постанокот наводно се случил во 4004 година п.н.е. Користејќи ја Библијата на кралот Џејмс, како година на потопот се добива 2348 година п.н.е. Иако Ашеровата хронологија останала многу влијателна кај креационистите, други теолози давале други години како година на постанокот, на пример Јосиф Скалигер тврдел дека постанокот бил во 3950 година п.н.е., додека Дионизиј Петавиј пресметал дека годината на постанокот била точно 3982 п.н.е.[2][3]. Сите овие датуми потопот го сместуваат во третиот милениум п.н.е. во време на египетското Старо Кралство и изградбата на египетските пирамиди.
Креационистите предложиле разни механизми со кои според нив митот за потопот би можел да биде точен. Еден од нив е дека Земјата ја зафатил џиновски облак водена пареа. Според Книгата на постанокот, потопот настанал од дожд кој непрестајно паѓал 40 дена и ноќи, доволно за да ја прекрие планината Арарат чиј највисок врв е висок 5137 м. Површината на Земјата изнесува околу 510 милиони квадратни километри, додека највисокиот врв Арарат е висок околу 5 км, па количината која би требало да падне на Земјата и подоцна да исчезне изнесува околу 2,5 милијарди кубни километри. Најголемата забележана количина на врнежи измерена е Черапунџи изнесувала 22.897 м во периодот од август 1860 до јули 1861 година.[4]
Арката е опишана како долга триста, широка педесет и висока триесет лакти (околу 170х28х17 метри), што одговара на големина на помал боен брод или носач на авиони. Дрвен брод со таа големина не би можел да издржи четириесетдневна бура. Бидејќи Библијата не споменува едра или весла, креационистите обично претпоставуваат дека арката не ги ни имал. Моделите и описите на арката скоро секогаш покажуваат симетричен брод без јасно дефинирана крма и нос. Без средства за погон и навигација во текот на поплавата, арката би била препуштена на милост и немилост на невремето.
Noah’s Ark – Ron Wyatt’s Story (Expedition 1979)
Mount Ararat and Noah’s Ark Tour
Noah’s Amusement Park, Hebron, KY Park Video