Албанските
терористи
вчера рано
изутрина ја
минирале и
целосно ја
урнале
црквата "Свети
Атанасиј",
изградена во
1924 година, која
е дел од
лешочкиот
манастирски
комплекс,
опеан во
старите
македонски
народни
песни.
Силната
експлозија
од црквата
жителите на
селото Лешок
ја слушнале
околу три
часот по
полноќ.
Министерството
за внатрешни
работи
официјално
соопшти дека
овој
злосторнички
чин го
извршиле
албанските
терористи од
ОНА.
Вчера
претпладне,
јавниот
обвинител
Ставре Џиков
и полошко-кумановскиот
митрополит,
господин
Кирил, се
обидоа да
организираат
конвој за
посета на
Лешок и да
утврдат
колку е
оштетен
манастирот.
Но на
последната
бензинска
пумпа пред
Тетово Џиков
и господин
Кирил ги
напуштија
новинарите
што ги
придружуваа
и се вратија
во Скопје.
Џиков кратко
изјави дека
не може да се
гарантира
безбедноста
на конвојот.
Вчера рано
изутрина,
откако се
разденило,
тројца
верници
Македонци од
Лешок
успеале да
се провлечат
кај старата
црква "Света
Богородица"
и виделе
дека новата
црква "Свети
Атанасиј" е
сосема
урната. Тие
веднаш го
пријавиле
случајот кај
црковните
власти и во
полицијата.
Селаните
велат дека
експлозијата
се случила
во 3 часот и 10
минути. Од
новата црква
е уништен
источниот
дел, каде што
се урнати
централното
кубе,
покривот и
просторот
зад олтарот.
Останал само
ѕидот од
западниот
дел од
црквата,
каде што се
наоѓа
влезната
врата. Во
Министерството
за внатрешни
работи велат
дека било
поставено
големо
количество
експлозив во
задниот дел
од црквата.
Вчераутро во
манастирот
отиде екипа
на ОБСЕ за да
види колку е
оштетен
манастирскиот
комплекс.
Жителите на
Лешок велат
дека
терористите
се горе, над
манастирот,
и долу, на
патот под
селото.
Конаците,
камбанаријата
и црквата
изградена во
14 век не се
оштетени.
Но,
митрополитот
Кирил
објасни дека
терористите
ја отвориле
старата
црква "Света
Богородица"
и двапати
пукале во
влезната
врата, но не
успеале да
влезат
внатре.
- Успеале да
се приближат
до урнатиот
манастирски
храм, кој е
претворен во
куп камени
блокови.
Стојат само
предниот
влезен дел,
главните
западни
порти,
камбанаријата
и дел од
галеријата.
Се друго е
урнато:
главната
купола,
апсидата,
дел од
иконостасот.
Не знаеме
точно
колкави
штети
направиле -
изјави
владиката.
Тетовските
свештеници
се жалат
поради
грозоморните
сквернавења
на
македонските
манастири.
- Ние сме
свештеници и
со ништо не
придонесовме
и не
заслуживме
да ни ги
уриваат
црквите и
манастирите,
да ни ги
ограбуваат и
палат
домовите.
Тие до вчера
ни беа
соседи и ние
се уште го
почитуваме
нашиот закон
"Сакај го
ближниот
свој...". Ние
сме
свештеници.
Нашата
армија не
војува. Од
вакви напади
не можеме да
се браниме,
тоа треба
некој друг
да го стори.
Сега, Господ
нека ни е на
помош... - велат
огорчено
свештениците.