|


Неговото Високопреосвештенство Митрополитот
Американско-канадски г.Методиј, на 23. Септември,
благоизволи да богослужи и проповеда во Македонската
Православна Црква Раѓање на Пресвета Богородица во
Стерлинг Хајтс, Мичиген, САД а во сослужение на повеќе
свештенослужители и голем број македонски православни
верници од Детроитската метропола.

По отслужената Света Архиерејска Литургија се изврши и
осветување на ново насликаната надворешна фреска со
ликот на нашиот Господ Исус Христос.



Известува
Протојереј Митко Попоски |