|
|
Соопштение
(22.12.2006)
Светиот
Архиерејски
Синод на
Македонската
Православна
Црква на
својата
редовна
седница,
одржана на 21 и 22
декември 2006 г.,
во
просториите
на
Македонската
архиепископија,
на којашто
присуствуваа
сите
архиереи,
како од
Татковината,
така и од
дијаспората,
посвети
должно
внимание на
состојбите
во епархиите
и
институциите
во
Македонската
Православна
Црква.
Синодот
работеше и на
утврдување
на
Програмата
за
одбележување
на Јубилејот -
40 години
автокефалност
на
Македонската
православна
црква (1967-2007), во
која се
предвидуваат
бројни
активности
за достојно
одбележување
на овој
значаен
настан. Меѓу
другото, се
планира и
издавање на
сите
богослужбени
книги од
годишниот
богослужбен
круг (дванаесетте
минеи,
Октоихот,
Посниот и
Цветниот
Триод,
Служебникот,
Требникот и
Часословот).
Светиот
Архиерејски
Синод на
Македонската
Православна
Црква им
изразува
искрена
благодарност
на сите
институции и
установи во
Република
Македонија
кои
искажуваат
континуирана
поддршка кон
Македонската
Православна
Црква за
зачувување
на нејзиниот
автокефалниот
статус и
името. Воедно,
особена
благодарност
Светиот
Архиерејски
Синод
искажува и до
претседателството
на Друштвото
на
писателите
на
Македонија
за
правилниот
однос кон
нашата Света
Црква, со
исклучок на
еден негов
член кој си
дозволи
индивидуална
теолошка
перцепција
на канонско-правните
димензии на
македонското
црковно
прашање.
ОД
КАНЦЕЛАРИЈАТА
НА САС НА МПЦ
| Vesti |