|
|
Осветување
на првиот
Епархиски
дом на
Американско-канадската
македонска
православна
епархија

На
26-ти ноември 2006
година се
изврши
осветување
на првиот
Епархиски
дом на
Американско-канадската
македонска
православна
епархија.
![]() |
![]() |

Иако
оваа
македонска
епархија во
дијаспората
егзистира
повеќе од
половина
столетие, со
овој
молитвен чин
таа за прв пат
го доби
својот
духовен
центар.
Осветувањето
го изврши
надлежниот
архиереј,
Неговото
Високопреосвештенство
Митрополитот
Американско
– канадски
господин
Методиј. Во
чинот на
осветувањето
зедоа
учество и
бројни
свештенослужители
од
поблиските
црковни
општини на
Епархијата.
Седиштето на
ново
осветениот
дом се наоѓа
во близина на
едно, за
нашата црква
историско
место, каде
што е
основана
првата
Македонска
православна
црковна
општина, во
Гери,
Индијана.
Свеченоста
започна уште
во
утринските
часови со
архиерејска
литургија во
црквата “Св.
Петар и Павле”,
Краун Поинт.
Радоста со
која
православните
верници ја
дочекаа
информацијата
со која се
официјализира
местото на
епархиското
седиште беше
забележлива
и по
масовното
присуство на
архиерејската
богослужба.
Самиот
чин се изврши
во
попладневните
часови, по што
од страна на
женската
секција на
црквата “Св.
Петар и Павле”
беше
организиран
свечен прием
во
просториите
на
епархискиот
дом.

Од
канцеларијата
за односи со
јавноста на Американско
- канадската епархија
на МПЦ
| Vesti |