|
|
КАКО МАКЕДОНИЈА СЕ ОТКАЖАЛА ОД СВОЈОТ МАНАСТИР
"Свети
Прохор Пчињски" премолчено отстапен на Србија
Манастирот "Свети Прохор Пчињски" по Втората светска војна премолчено и го
отстапиле на Србија тогашните македонски власти, изјави вчера Новица Вељановски,
познат македонски историчар. Тој истакнува дека досега не се откриени конкретни
документи со кои било извршено отстапувањето.
- Меѓутоа, постојат
многу документи во повоениот период од кои се гледа дека манастирот е на
македонска територија. Постојат географски карти, постојат дури и петиции на
жители од повеќе села од Кривопаланечкиот и Кумановскиот регион, каде што се
наоѓа манастирот, а кои барале да се приклучат кон Србија. Тие петиции, меѓутоа,
биле одбивани - вели Вељановски.
Тој претпоставува
дека манастирот "Свети Прохор Пчињски" и припаднал на Србија откако била
донесена одлука со него да управуваат владиците на Српската православна црква.
- СПЦ, по се изгледа,
извршила силен притисок нејзи да и припадне манастирот и тогаш се случила и
промената на границата помеѓу Македонија и Србија - смета Вељановски.
Публицистот Ставре
Џиков вели дека македонската влада на чело со Лазар Колишевски дефинитивно се
откажала од манастирот кога е донесен законот за територијална поделба на
федерална Македонија на окрузи.
- Во 1945 година,
македонскиот Президиум, на чие чело бил Методија Андонов Ченто, го донесол
Законот за територијална поделба на федерална Македонија на окрузи. Со законот и
се дава овластување на владата, на чие чело бил Лазар Колишевски да донесе
уредба за бројот и за територијалните подрачја на околиите. Владата го донесла
тој државен подзаконски акт на 21 ноември 1945 година. Скопскиот округ, според
член 4 од Уредбата, се состоел од: Кривопаланечка, Козјачка, Кумановска,
Маџарска, Ѓорчепетровска, Драчевска, Теаречка, Тетовска, Гостиварска и Дебарска
околија. Со Уредбата се испуштени цели околии - Качаничката и Прешевската,
Бујановачката, Трговишката, како и дел од Козјачката околија, селото Старац,
каде што се наоѓа манастирот "Св. Отец Прохор Пчињски" - објаснува Џиков.
Тој вели дека во 1945
година, на сојузно федерално југословенско ниво, како и во секоја република биле
донесени закони за аграрна реформа и колонизација, со што по револуционерен пат
приватната сопственост преминала во државна сопственост. Под удар паѓаат и
манастирите и нивните имоти. Таква судбина има и манастирот "Св. Отец Прохор
Пчињски" при што српската, а не македонската влада, донесла одлука со која и
манастирот бил предмет на аграрната реформа во 1946 година. На манастирот тогаш
му биле оставени максимум 24 хектари обработливо земјиште и 30 хектари шума.
| Makedonska Pravoslavna Crkva |