|
Историската
документација,
научните
публикации,
картографијата
потврдува
дека
манастирот
Свети
Прохор
Пчински
изграден е
во 11 век, а
додека
обновуван
е во 14 век. За
статусот
на
манастирот
и имотот со
кој
располагал
ќе се
навратиме
на
минатиот 20
век и
сегашноста.
Врз основа
на
Букерешкиот
мировен
договор од 10
август 1913
година
била
санкционирана
поделбата
на
Македонија
помеѓу
кралствата
на Грција,
Србија и на
Бугарија.
Вардарска
Македонија
нарекувана
јужна
Србија во
периодот 1922- 1927
година се
уредува да
биде под
поголемо
влијание
на кралска
Југославија
односно на
кралството
на Србите,
Хрватите и
Словенците.
Вардарска
Македонија
била
поделена
на три
области:
Скопска,
Битолска и
Бегалничка.
Во
Скопската
област
влегувале 11
околии,
меѓу нив:
Качаничката
(Качаник),
Кривопаланечката
(Крива
Паланка),
Прешевската
( Прешево) и
Жеглиговската
( Куманово).
Во
окопираниот
дел на
Вардарска
Македонија,
тогаш
наречена
јужна
Србија
кралските
воени
геодети ја
делат
македонската
земја по
катастерки
операти,
како и
селото
Пелинце-
Кумановско
и селото
Старац, во
чии атар по
мерењето
на воените
геодети се
наоѓа
манастирот
свети Отец
Прохор
Пчински со
дел од
манастирскиот
имот.
Селото
Старац
припаѓа на
Прешевската
околија.
Манастирскиот
имот се
протега и
во селата
Спанчевац,
Клиновец,
Кленика и
сите тие
спаѓаат во
прешевска
околија,
Тибужде се
наоѓа во
Врњска
околија,
селата
Коинце и
Пузаљка-
Кумановско.
Од
недвижностите
манастирот
во имотот
има една
двокатна
зграда во
Бујановац.
Во Кленика
се наоѓаат
два дуќана
со по две
одделенија,
два дуќања
со по едно
оддление,
една
магаза со
едно
одделение,
една
станбена
зграда со
одделение
и визба се
наоѓаат во
истото
место.
Манастирот
од
недвижен
имот имал
една куќа
во
Куманово
на улица Х.Димчевски
и четири
приземни
куќи во
Скопје.
Постои
тапија за
манастирскиот
имот кој е
заведен на
17.08.1923 година во
тогашниот
суд на
Општината
на Градот
Скопје, на
крлаството
на Србите,
Хрватите и
Словенците.
Каде што во
оваа
тапија
точно се
утврдува
местоположбата
на
четирите
згради и
останатиот
придружен
имот
односно
земја. Како
што е
познато на 2
август 1944
година во
свечената
сала на
манастирот
Свети отец
Прохор
Пчински се
одржа
заседанието
на АСНОМ со
кое
македонскиот
народ ја
возобнови
својата
Македонска
држава.
Во
мемоарскиот
запис на
претседателот
на
Президиумот
Методија
Андонов
Ченто,
покрај
другото, ќе
забележи:
,, ...Во
исто време,
многу
доселеници,
колонисти
и
чиновници,
кои беа
дојдени во
Македонија
меѓу двете
светски
војни, а за
време на
војната се
вратија во
Србија
почнаа да
идат во
Македонија.
Тогаш
помислив,
ако
неможат да
дојдат
оние кои
што се
родија
овде, не
треба да се
вратат ни
оние, кои ги
насели
бившиот
Југословенски
режим.
Затоа на
истата
седница на
Президиумот
го постави
прашањето
дали во
Македонија
можат да се
враќаат
србите
доселеници
и
чиновници,
кога не
смејат да
се вратат
македонците,
кои
емигрирале
од теророт
од
кралството
на
Југославија.
Президиумот
го прифати
предлогот
да не им се
позволи
слободно
да
влегуваат
на
македонска
територија.
Така се
случи да
тие
повратници
беа
задржувани
во
Ристовац,
на
границата
меѓу
Македонија
и Србија.
Веста за
тоа
стигнала
во Белград,
каде што
почнало да
се
манипулира
дека во
Македонија
владее
антисрпско
расположение.
За тоа и за
други
важни
работи ми
пиша Мане
Чучков кој
беше
испратен
во
националниот
комитет за
ослободување
на
Југославија,
како
претставник
од
Македонија..,,.
Од
цитираниот
фрагмент
на
мемоарскиот
запис, а кој
се
однесува
за крајот
од 1944 година
несомнено
се
потврдуваат
две работи.
Првата
работа е
дека
границата
помеѓу
Македонија
и Србија
била кај
градот
Ристовац.
Втората
работа е
тоа дека
настанал
сериозен и
непремослив
судир
помеѓу
Ченто и
секретарот
на
комунистичката
партија
Лазар
Колишевски.
Освен за
ова за грев
му се
земало на
Ченто што
го
поставил
прашањето
за
обединување
на
Македонија.
Ченто
поради
таквото
однесување
и барање ќе
биде
осуден на 11
години
робја во
монтиран
судски
процес во 1946
година.
Сеќавањата
на нашиот
прв
претседател
Ченто се
објавени
во
мемоарската
книга ,,Мојот
татко-
Методија
Андонов
Ченто,, која
излезе во
печат 1999
година. Во
тие
времиња
Лазар
Колишевски
беше
секретар
на ЦК на КПМ
во период
од март 1943 до
јули 1963
година.
Покрај
партиска
едновремено
Колишевски
има
неограничена
државна
моќ како
претседател
на
македонската
Влада од 16
април 1945
година до 19
декември 1953
година.
Во 1945 година
Президиумот
донесува
Закон за
територијална
поделба на
Македонија
на окрузи, а
Владата
таа
проблематика
ја
регулира
со Уредба
за
определување
на бројот,
територијалните
подрачја и
седиштата
на
околиите и
месните
народни
одбори. Со
донесување
на овој
подзаконски
акт на
тогашната
влада се
испуштени
териториите
односно
околиите:
Качаничката,
Прешевската,
Бујановачката,
Трговишката
односно
дел од
Козјачката
околија.
Месец
февруари 1946
година
владата на
Србија
донесува
одлука со
која
манстирот
Свети
Прохор
Пчински
бил
предмет за
утврдување
на објект
за аграрна
реформа со
неговиот
имот
селото
Старац-
Прешевска
околија.
Генералниот
секретар
Митар
Бакиќ се
обраќа со
писмо К.бр.1181
од 15 мај 1946
година до
македонската
влада во
врска со
територијалното
разграничување
на
народните
републики
во врска со
измена на
заедничките
административни
граници.
Помошникот
на
генералниот
секретар
Киро
Глигоров
испраќа
уште едно
ургентно
писмо на 6
август до
македноската
влада во
врска со
проблемот
за
корегирање
на
административните
граници
помеѓу НР
Македонија
и НР Србија.
По повод
ваквата
расписка
меѓу
федералната
влада и
македонската
влада,
претседателот
на
народнио
одбор во
Скопје
Пешев се
обраќа со
писмо од 27
декември 1946
година до
македонската
влада, во
кое покрај
другото
споменува:
- Во
врска со
Козјачката
околија,
таму
нестанува
збор за
припојување
или за
издвојување
на некои
села.
Прашањето
е само за
манастирот
Прохор
Пчински,
кој како
географска
така и од
општопознатите
историски
причини би
требало да
потпадне
под НР
Македонија.
- Манастирот
Прохор
Пчински (само
како
манастир)
да се одвои
од НРС (Прешевска
околија) и
да се
присоедини
кон НРМ (Козјачка
околија).
- Манастирот
Прохор
Пчински,
односно
поголемиот
дел од
неговиот
имот (шума,
ораници) се
наоѓа на
територијата
на НРМ,
додека
манастирот
со мал дел
од имотот
се наоѓа на
територијата
на НРС.
Бидејќи во
тие краеви
не станува
збор за
префрлување
на некои
села,
предлагаме
манастирот
порадиопштопознатите
историски
причини ( од
важност за
НРМ) да се
приклучи
кон НРМ.
Во
интервју
од 7
септември 2005
година во
дневниот
весник ,,
Дневник,,
поранешниот
претседател
Киро
Глигоров
посведочува,
ќе го каже
следното:
,, Историски
гледано
тој е наш
манастир и
околу тоа
не би
требало да
има некој
спор. За тоа
и првото
заседание
на АСНОМ
беше
одржано
таму. Кога
се постави
прашањето
каде да се
одржи
заседанието,
Михајло
Апостолски
предложи
да биде
таму
бидејќи
тоа е наш
манастир
кој може
многу
лесно да се
брани. Во
повоените
документи
и карти
нема
дилеми
дека
манастирот
беше на
наша
територија.
Сега се
поставува
прашањето
како се
случило да
биде
отстапен,
како
наеднаш се
случи да се
најде во
друга
република.
За тоа
треба да се
приберат
податоци и
да се
искаже
науката.
Кога бев
повереник
за
финансии
во
Президиумот
на
Македонија
повеќе
пати сум
одел во
Бујановац
за наплата
на даноци.
Ми се
случило
претседателот
на градот
да одбие да
се
уплатуваат
даноци во
Македонија.
Ми кажа: Ние
чекаме да
дојди
нашата
држава вие
не сте
нашата
држава.
Кога бев
претседател
наредив да
се
пребараат
архивите
на
претседателството
околу тој
случај но
не се најде
ништо. Се
бараше и во
архивите
на
Собранието
на РМ, во
Владата,
бидејќи за
такво
отстапување
мораше да
има
некаква
одлука. Но ,
немаше
ништо. Се
поставува
прашањето
кој можеше
да го
направи
тоа, не
тврдам, но
мислам
дека тоа
можеле да
го
направат
само
тогашните
неприкосновени
партиски
раководители
на Србија и
на
Македонија
Благоја
Нешковиќ и
Лазар
Колишевски
во нивен
договор.
Претпоставувам
дека таков
договор
направиле
во име на
тогашното
братство и
единство,,.
Поконкретно
решавање
на
статусот
на
манастирот
ќе биде
особен
интерес во
времето на
премиерот
Љубчо
Георгивски
на владата,
претседателот
на
државата
Борис
Трајковски
и
претседателот
на
парламентот
Стојан
Андов во 2001-та
година,
кога
повторно
се постави
прашањето
за
протегање
и опис на
државната
граница
помеѓу
Репулика
Македонија
и СР
Југославија
односно
државата
Србија и
Црна Гора.
Договорот
за
протегање
на
границита
помеѓу
двете
држави
потпишан
од
претседателот
Борис
Трајковки
и
претседателот
Војислав
Коштуница
на 23
февруари 2001
година во
Скопје. Тој
се заснова
на повеќе
меѓународни
принципи,
стандарди
и
Повелбата
на ОН .
Иако
одредбите
на
договорот
имаат иста
правна
важност, во
оваа
прилика ќе
се
цитираат
следниве
членови:
-
Договорните
страни
спогодбено
ќе ги
регулираат
односите
во врска со
одржувањето
,
обновувањето
и
обележувањето
на
граничната
линија и
граничните
белези,
спречувањето
и
решавањето
на
граничните
инциденти
и
регулирањето
на
малограничниот
сообраќај
на лица,
како и за
непреченото
користење
на
недвижниот
имот кој
останува
од другата
страна на
граничната
линија, од
страна на
носителите
на стварни
права врз
него- (6).
-
Договорните
страни во
врска со
културно-
историските
споменици
и спомен
обележја
на
територијата
на двете
држави-
манастирот
Св. Прохор
Пчињски,
српските
војнички
гробишта и
др., ќе
склучат
посебен
меѓудржавен
договор во
кој ќе
бидат
утврдени
модалитетите
на нивното
обновување,
одржување
и непречен
пристап на
граѓаните
на двете
земји-(7).
Кон
Договорот
придружен
Текстуален
опис на
протегање
на
државната
граница. Во
тој дел од
границата
следи
наведениот
опис:
,,Од
к. 522,
граничната
линија
продолжува
во општ
правец кон
исток
спротиводно
по
безимениот
поток , до
место во
потокот, на
оклу 470 м
југозападно
од к.705, каде
го менува
општиот
правец кон
југоисток,
го сече
колскиот
пат на
гребенот
Габреница ,
на оклу 530 м
југозападно
од к 705 , до
место на
колскиот
пат
Пелинце-
Горњи
Старац, на
околу 100 м
југозападно
од ТТ к.693, во
должина од
околу 1500 м.
Од
место на
колскиот
пат
Пелинце-
Горњи
Старац , на
околу 100 м
југозападно
од ТТ к.693,
граничната
линија се
протега во
општ
правец кон
југоисток,
по
колскиот
пат во
должина од
околу 160 м ,
каде
продолжува
по
водосливницата,
по
безимениот
поток,
преку
утоката на
безимениот
поток во
потокот
Длибоки
дол, на
околу 620 м
источно од
к. 592,
продолжува
по
течението
на потокот
Длибоки
дол од
утоката на
потокот
Длибоки
дол во река
Пчиња, во
должина од
околу 2000 м .
Од
утоката на
потокот
Длибоки
Дол во река
Пчиња,
граничната
линија
продолжува
во општ
правец кон
североисток,
по
течението
на река
Пчиња од
утоката на
безимениот
поток во
река Пчиња,
на околу 320 м
југоисточно
од ТТ к. 516,
каде го
менува
општиот
правец кон
југоисток
по
безимениот
поток ,
преку
утоките на
безимениот
потоци, на
околу 300 м
североисточно
од к. 586 до
утоката на
безимените
потоци на
околу 530 м
југозападно
од ТТ к. 637,
продолжува
по јужниот
безимен
поток и по
водосливницата,
до седло, на
околу 410 м
североистожно
од ТТ к. 887(Големи
уши), каде го
менува
општиот
правец кон
североисток
по
гребенот
на
Градиште,
преку к. 984, ТТ
к. 1211 (Китка), к. 1196 (Средњи
камен), до ТТ
к. 1285(Вирови)
по
одлжината
на околу 7200 м.
Во
македонскиот
парламент
со Закон се
ратификува
овој
билатерален
Договор на
седницата
одржана на 1
март 2001
година,,.
Манастирот
Прохор
Пчински
треба да
биде
духовен,
историски
и културен
центар и
темелник
на
заедничкиот
живот на
двата
православни
народи
Македонскиот
и Српскиот
и на двете
самостојни
православни
цркви
Македонската
и Српската
црква. Тука
не треба да
постои
гранична
меѓа на
раздвојување
на двете
држави на
Република
Македонија
и на Србија
и Црна Гора,
туку
напротив
слободен
премин на
добрососедски
пријателски
народи и
нормална
државна и
црковна
комуникација.
|