На
18 февруари 2007 година - Прочка, во преполнетиот
соборен храм на свети Николај во Штип, Неговото
Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г.
Иларион отслужи Божествена Литургија и Вечерна
богослужба, по што се изврши традиционалното
проштевање и верниците побараа и добија прошка од
својот пастироначалник и од свештенослужителите.