|
|
|
ДОНАТОРСКАТА
КОНФЕРЕНИЈА
Билјана
Ставрова, А1 -
Папата
не е
вистинска
адреса и
место,
бидејќи
овде
станува
збор за спор
меѓу две
Православни
цркви и тука
треба да се
бара
вистинската
адреса и
секако
Вселенската
патријаршија
и сите
помесни
православни
цркви,
бидејќи
прашањето
на МПЦ и
спорот со
СПЦ е
интерес на
севкупното
православие
и поради тоа
сметан дека
православието
не треба да
премолчува
бидејќи
проблемот
на еден дел
од телото е
проблем за
целиот
организам,
како
советува
апостол
Павле... -
PREZEMENO
OD:
На
донаторската
вечера за
Милениумскиот
крст
собрани 55.000
евра
Парите од
лицитацијата
допрва ќе
легнат на
сметката Точно
250.500 денари се
собрани
пари од
вечерата на
донаторската
конференција
за
Милениумскиот
крст, плус 70.000
денари што
во касата на
влезот од
свечената
сала ги
донираа
некои од
гостите. На
сметката
допрва
треба да
легнат 50.000
евра од
лицитацијата
на икони,
како и дел
од парите од
влезниците
на оние кои
беа на
вечера, а се'
уште не
уплатиле по
1.500 денари.
Како што
информира
Благоја
Дојчиновски,
претседател
на
Фондацијата
„Милениумски
крст“, со
оние 270.000 евра
што ќе ги
обезбеди
Владата - 135.000
евра од
ребалансот
на
годинашниот
Буџет и исто
толку од
Буџетот за
наредната
година, тоа
ќе
претставува
голем дел од
средствата
потребни за
комплетна
реализацијата
на проектот,
чија
вредност се
проценува
на 450.000 евра.
Кон овие
пари ќе се
додадат
донациите
од двата
мобилни
телефона, на
кои се
донираат по
100 денари,
како и
ветените
донации од
Владимир
Тодоровиќ,
сопственик
на
маркетите „Тинекс“
и фирмата „Фени
индустри“
од
Кавадарци.
Одржувањето
хуманитарен
божикен
концерт со
познати
домашни
пејачките
ѕвезди
треба да ја
заокружи
финансиската
конструкција
за
планираните
зафати на
Милениумскиот
крст.
Донаторската
конференција
ја отвори
премиерот
Никола
Груевски, а
ја поздрави
и
поглаварот
на МПЦ, г.г.
Стефан. „Милениумскиот
крст е
гордост за
македонскиот
народ, но и
симбол на
христијанството.
За жал,
негрижата
во минатото
и немањето
средства за
негово
довршување
го доведе на
работ на
пропаѓање.
Затоа
Владата
одлучи да ја
помогне
неговата
доизградба“,
рече
премиерот
Груевски. На
лицитацијата
на икони,
што
стартуваше
со 500 евра,
најмногу
пари издвои
Стопанска
банка, чиј
претставник
за иконата
на
Богородица
излицитира
10.000 евра. Илија
Илоски во
името на
Комерцијана
банка купи
икона за 6.500
евра, а 6.000 евра
за икона на
свети
Архангел
Михаил
лицитираше
фирмата
„Ватростална“.
Собрани
околу 56
илјади евра Околу
50.000 евра се
собрани од
аукцијата и 5.300
евра од
влезниците.
Најави за
донации има
од повеќе
фирми од
Македонија, а
до јуни ќе
бидат
отворени и
телефонски
линии за
донации од
граѓани На
донаторската
конференција
за
довршување
на
Милениумскиот
крст, која се
одржа
завчеравечер
во хотелот "Александар
палас", се
собрани
околу 56
илјади евра.
Голем број
амбасадори,
бизнисмени,
политичари и
естрадни
уметници беа
присутни на
свечената
вечера на
која се одржа
и аукција на
вредни
предмети,
слики и икони.
Според
Благоја
Дојчиновски,
претседател
на
фондацијата
"Милениумски
крст",
резултатите
од
донаторската
конференција
се повеќе од
задоволителни,
а до јуни
наредната
година до
кога се
планира
завршување
на овој
објект, се
очекува да се
соберат
потребните 400
илјади евра. |
| Vesti |