|
|
|
ПО СРПСКИ, СЕГА И ГРЧКИ ПАРИ ЗА ПОА
-Меѓу останатите одлуки, постојниот состав на Светиот Синод на ГПЦ, донесе одлука за симболична економска поддршка на Високопреосвештениот Архиепископ охридски г. Јован, кој и припаѓа на Српската Патријаршија, за областа Скопје, заради продолжување на неговото пастирско дело, кое се одвива и покрај неговите последователни затворања и неблагопријатни услови за православните христијани во земјата, стои во официјалната одлука на Синодот на ГПЦ.
Ова е прв пат Грчката православна црква јавно да соопшти дека го финансира Вранишковски. Минатата година во март МПЦ обелодени документ со кој српската Влада месечно му префрлала редовни дотации на Вранишковски. Образложението на српското министерство за вера беше дека тие како држава имале обврски да го помагаат развојот на културниот идентитет на српскиот народ надвор од границите.
Вранишковски тогаш тврдеше дека нема ништо лошо во тоа што примал државни пари од Србија и дека тој финансиска помош добивал и од останатите православни цркви.
Со ова јавно признавање на Грчката православна црква дека финансиски го помага Вранишковски, црковни кругови во МПЦ коментираат дека сега сосема е јасна улогата на Јован и неговата парацрква во релациите меѓу Српската и Грчката православна црква.
|
| Makedonska Pravoslavna Crkva |