|
10.07.2007
|
 |
|
Г.г.Стефан |
Не бараме друг принцип од оној по кој
се признаени и СПЦ и претходно другите православни цркви,
изјавува во интервју за државната агенција МИА архиепископот
Стефан, прашан дали има позитивни промени во односот на
сестринските православни цркви кон МПЦ.
„Повеќе од очигледно е дека суштината на
проблемот е комплексен и не е само црковен. Всушност, спорот
е најмалку црковен, оти ако беше таков, одамна ќе се
разрешеше на црковен начин, со љубов и врз основа на
вистинска и взаемна почит“, рече г.г.Стефан.
Поглаварот на МПЦ г.г.Стефан објаснува
дека разговорите со СПЦ се во мирување, а условите за
дијалог се значително отежнати со упорноста во обидите за
инсталирање на паралелна црковна епархија. |