|
Следејќи се што се случува во нашата Татковина Македонија,
како и надвор од нејзините граници, по самитот на НАТО, што
се одржа на 4 април 2008 година во Букурешт, Генералното
собрание на Американско-канадската Македонска Православна
Епархија, од име на Македонските православни цркви во
нејзината диецеза, како и Македонската дијаспора во САД и
Канада, ја донсе следнава
Р Е З О Л У Ц И Ј А
- Во овој историски миг, Република Македонија е изложена на
невидени притисоци и нечесни игри за промена на нејзиното
вековно и уставно име – Република Македонија. Уште повеќе,
од нашиот јужен сосед – Република Грција, на Македонија и` е
наметната една невидена агресија и уцени, без преседан во
светската историја, против нејзиното историско име,
нејзиното културно наследство, против националниот идентитет
на македонскиот народ и против неговото право на
самоопределување, кое е гарантирано во секоја демократска
држава во светот. Правото на посилниот од античко време, во
21-от век, не само што е анахроно, туку е и неприфатливо за
современиот свет.
- Имајќи го сето тоа предвид, и` изразуваме цврста поддршка
на Владата на Република Македонија и на сите политички
субјекти во Татковината, достоинствено да ги издржат сите
притисоци кои доаѓаат однадвор, но и одвнатре, за промена на
нејзиното име. Нема ништо посвето и позвишено од она што Бог
ни го дал – Македонија! Никакво членство и никакви цели, не
можат да бидат замена за нашиот историски континуитет,
национален идентитет и достоинството на македонскиот човек
во Татковината, како и на Македонците ширум светот.
- Апелираме и до сите политички партии, невладини
организации и асоцијации во Република Македонија, да бидат
единствени и сплотени и бескомпромисно да застанат во
одбрана на нејзиното уставно име.
- Исто така, генералното собрание на Американско-канадската
Македонска Православна Православна Епархија, му изразува
искрена благодарност на претседателот на Соединетите
Американски Држави господинот Џорџ Буш – за сите негови
заложби, безререзвната и сецела поддршка на Република
Македонија пред самитот на НАТО, за време на самитот и по
него, за нејзино интегрирање во евроатлантските организации
и аоцијации.
Да живее Македонија!
Резолуцијава да се достави до сите релевантни фактори во
Република Македонија.
ЕПАРИСКОТО СОБРАНИЕ НА
АМЕРИКАНСКО-КАНАДСКАТА МАКЕОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПЕРХИЈА
10 мај 2008 година, Тотова, Њу Џерси |