|
|
пожарот не Ја
изгоре
вистината
Оригиналниот
„Абецедар“ е
во Скопје
Вангел
Ајановски-Оче,
познат
македонски
револуционер,
му го подарил
букварот на
Архивот на
Македонија
пред
триесетина
години
Ајановски ја
добил
книгата при
крајот на
Втората
светска
војна од еден
македонски
учител од
Егејска
Македонија,
кој успеал да
ја спаси од
уништувањето.
Кон крајот на
седумдесеттите
години на
минатиот век
тој решил да и'
ја подари
целата своја
лична архива
на државната
институција,
откако
повеќе од
четири
децении ја
чувал во
своето
семејство.
Ајановски
беше
создавач на
Македонската
антифашистичка
организација
(МАО) и на
Тајната
ослободителна
македонска
организација
(ТОМО) во
Воденско во
текот и по
Втората
светска
војна.
Другите два
примерока на
букварот,
како што
дознаваме, се
во Градската
библиотека
на Виена,
Австрија,
односно во
Националната
библиотека
во Атина,
Грција.
Оригиналниот
примерок од
Атина беше
искористен
од
Македонците
од Грција за
да се направи
копијата на „Абецедар“
чија
промоција
неодамна
беше одржана
во грчката
престолнина.
Букварот,
наменет за
описменување
на
македонските
деца,
претставува
еден од
најзначајните
докази за
постоењето
на
Македонците
во Грција, кое
грчките
власти
упорно го
негираат.
Книгата беше
отпечатена
во Атина, во 1925
година како
резултат на
барањето на
Друштвото на
народите за
да се
обезбеди
заштита на
македонското
малцинство
во Грција. На 10
август 1920
година
Грција
потпиша
договор пред
Друштвото на
народите за
давање
малцински
права на
граѓаните во
Грција што не
се етнички
Грци.
Договорот е
потпишан во
францускиот
град Севр и во
него пишува
дека во
Грција
живеат
припадници
на повеќе
народи, на кои
грчката
влада се
обврзува да
им ги даде
основните
национални
права.
Но, судбината
на букварот „Абецедар“
беше
трагична -
целиот
печатен
тираж бил
запален и
уништен во
исцениран
напад на
возот со кој
бил
пренесуван
кон местата
во Грција
каде што
живеат
Македонци.
Георги
Ајановски,
познат
македонски
новинар,
посочува
дека
неговиот
татко Вангел
сосема
случајно го
добил
букварот „Абацедар“.
- Тоа се случи
во 1944 или во 1945
година, при
една негова
средба со
еден од
учителите
што
предаваше во
македонските
училишта.
Татко ми ми
раскажа дека
желбата на
учителот
била
букварот да
послужи за
описменување
на
најмладите
македонски
генерации и
во другите
краишта на
Македонија.
Познато е
дека во тие
години
немаше
никаков
учебник од
кој децата
можеле да се
описменуваат
- вели
Ајановски.
Тој додава
дека овој
примерок на
букварот
најверојатно
го спасиле
луѓето што
први
пристигнале
до
запалениот
воз во чии
вагони се
наоѓал
целиот тираж
на изданието.
Букварот
е одлично
заштитен
Петар
Зајковски,
раководител
на
Одделението
за заштита на
архивскиот
материјал во
државниот
архив, вели
дека
букварот се
чува во
посебни
услови.
-
Благодарение
на условите
во Архивот,
букварот е во
мошне добра
состојба.
Неговите
корици се
заштитени и
со посебна
хартија, која
е отпорна на
надворешните
влијанија -
вели
Зајкоски.
Бранко
Горгевски
Vesti |