|
|
|
МПЦ на погребот на рускиот патријарх
Патријархот Алексеј секогаш зборуваше за дијалог меѓу СПЦ и МПЦ и јасно стави на знаење дека го нуди својот авторитет како посредник. Така што ние како црква, не очекуваме промена на политиката на Руската православна црква, која секогаш и се обраќала на МПЦ под името Македонска православна црква, и со изборот на нов поглавар на Руската црква, вели владиката Петар. Тој потенцира дека токму со благослов на рускиот поглавар, неколку студенти од Македонија студираат на московските духовни академии.
Токму поради почитта кон Алексеј, МПЦ завчера во сите храмови отслужи упокоени литургии во чест на починатиот руски поглавар. Денеска се очекува во книгата на жалост што ќе биде отворена во руската амбасада во Скопје, да се потпишат македонскиот државен врв, но и архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.
Алексеј Втори ќе биде погребан денеска во Богојавленскиот храм во Москва. Функцијата прв човек на Руската црква, до изборот на нов Патријарх, ќе се извршува, Митрополитот Смоленски и калинградски, г. Кирил. |
| Makedonska Pravoslavna Crkva |