Писмо од г.г. Стефан до Обединетите нации

ОН нетреба да дозволат македонскиот народ да стане жртва на тероризам

Скопје - Поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан, во името на Светиот архиерејски синод на МПЦ, свештенството, монаштвото и верниците на Македонската православна црква, упати писмо до Организацијата на Обединетите нации.

'Чувствувам за потребно да се обратам и да ве информирам, барајќи помош и поддршка за мојата земја. На просторот од северозападниот дел на Македонија, како што веќе знаете, се случува агресија. Неа ја иницира обучена и вооружена паравоена формација, која потекнува, најверојатно од Косово', се истакнува во писмото. Поглаварот на МПЦ нагласува дека дека македонскиот народ е нападнат во сопствената и единствена држава, без повод и без причина, поради што се апелира - ООН да не дозволи македонскиот народ да стане жртва на тероризам, на воени дејствија и на агресија на големоалбанскиот национализам.'МПЦ, од вас, како најголема светска организација, бара да помогнете за да се надмине оваа критична состојба, да се врати мирот и довербата кај сите граѓани на Македонија - без разлика на нивната национална или верска припадност', се вели во писмото на поглаварот на МПЦ упатено до ООН.