Одлука
на
Светиот
архијерејски
синод на
МПЦ
Јован
непожелен
во
ниеден
македонски
храм
Јован
прогласен
за
одродник
од МПЦ,
односно
од
македонскиот
народ и
од
Македонија
и му се
забранува
секаков
пристап
како
архијереј
во
црквите
и
манастирите
на МПЦ и
вршење
на
црковни
дејанија
|
|
 |
|
|
|
СВЕТИОТ
архијерејски
синод (САС)
на
Македонската
православна
црква
вчера
стави
точка на
архипастирската
кариера
на
епископот
Дремвицки
Јован,
кој
заврши
како
отпадник
од МПЦ, од
македонскиот
народ и
од
Македонија.
Оваа
одлука
Синодот
на МПЦ ја
донесе
на
својата
вчерашна
редовна
седница,
на која е
оценето
дека за
поранешниот
митрополит
повардарски
Јован
заврши
периодот
од 30 дена,
кој што
му беше
определен
како
време за
размилување
и
враќање
во
единството
на МПЦ. Но,
според
досегашните
негови
делувања,
искази и
постапки,
кај него
не
постои
добра
волја за
враќање
во
крилото
на МПЦ.
Согледувајќи
ги сите
негативности
што
произлегуваат
од
неговото
противуставно
и
неканонско
делување,
поранешниот
митрополит
Јован,
Синодот
и
Македонската
православна
црква го
сметаат
за
отпаднат
и
одроден,
бидејќи
самиот
се
одметнува
од
крилото
на МПЦ и
делува
против
неа.
Според
соопштението
од
синодската
канцеларија,
тој ја
напушти
нашата
света
Црква и
со тоа
МПЦ од
денес, па
натаму,
нема
никакви
обврски
кон него,
а му се
забранува
и
секаков
пристап
како
архиереј
во
црквите
и
манастирите
на МПЦ и
вршење
на
црковни
дејанија
во
истите.
Во
својата
куса
архипастирска
дејност,
како
епископ
на МПЦ, 36-годишниот
Зоран
Вранишковски,
алијас
Јован,
направи
повеќе
штети
отколку
успешни
потези.
Од 1998
година
кога
беше
хиротонисан
за
викарен
епископ
во
Преспанско-пелагониската
епархија,
па до
неодамнешното
одземање
на
Повардарската
епархија
од
неговото
раководење
не
изгради
ниту
еден
храм,
ниту пак
параклис,
ниту пак
организира
реновирање.
Само го
продолжи
реновирањето
на
црквата "Свети
Пантелејмон"
во Велес
што веќе
ја имаше
започнато
митрополитот
г.
Агатангел
како
митрополит
повардарски.
Јован на
почетокот
се обиде
да
придобие
што
повеќе
приврзаници
околу
себе. Но,
тоа
можеше
да
потрае
додека
тие не
увидоа
дека
речиси
детската
насмевка
на
неговото
"невино"
лице
била
само
вешт
параван
зад кој
се
криело
лицемерието
кон
самата
МПЦ и
особено
кон
архијерејите
и
свештенослужителите
со чисто
македонско
национо
достоинство.
Јован
пројави
и
немирен
дух. Но,
оние што
добро го
познаваат
уште
веднаш
тоа го
прокоментираа
како
неспокој
на
неговата
совест,
бидејќи
тој
знаел
дека
неговото
сценарио
за
разнебитување
на МПЦ,
кое
всушност
требаше
да
започне
уште од
март 2000
година,
кога
стана
администратор
на
Брегалничката
епархија,
и кога
јавно го
провоцираше
поглаварот
на МПЦ,
Неговото
блаженство
архиепископот
г.г.
Стефан,
велејќи
дека
ниту тој
не му
може
ништо,
дека тој (Јован)
бил
автокефален,
нема да
успее. Но,
бил
притискан
од
Белград
и од
Атина да
го пушти
пробниот
балон на
тешкиот
антимакедонизам
над
светата
македонска
земја и
над
главите
и
светилиштата
на
Македонците.
И
навистина
летот на
балонот
му беше
неуспешен.
Верниците
на
Повардарската
епархија
непосредно
по
неговата
прес-конференција
на која
обелодени
дека
пристапува
во
канонско
единство
со СПЦ, се
организираа
и му
рекоа - "не"
за
неговото
пеколно
сценарио
за
разнебитување
на МПЦ од
внатре, а
со тоа и
на
македонскиот
народ и
на
Македонија.
Најновата
информација,
според
која
патријархот
српски
Павле на
најголемиот
национален
празник
на
македонскиот
народ
Илинден,
кога
Јован
замина
во
Србија
за да
служи со
српски
архијереји,
е мошне
дегутативна.
Но, не е за
целосно
отфрлање.
Зашто, "големиот
духовник",
како што
го
именува
печатот
српскиот
патријарх,
му
советувал
на Јован
да
издржи,
бидејќи
маченици
како
него
православието
имало и
во
минатото!
Чудни се
ваквите
совети
од
господин
Павле,
бидејќи
тој ги
остави
Србите
на
Косово,
чиј
митрополит
беше
пред да
биде
избран
за
поглавар
на СПЦ. Ги
остави
да
страдаат
во
канџите
на
антихристите,
наместо
и како
патријарх
српски
да
остане
во Пеќ и
да го
дочува и
зацврсти
седиштето
на
Пеќката
патријаршија,
од која
произлегува
СПЦ. Но,
Павле си
замина
за
Белград,
таму е
помирно,
побезбедно,
а на
Косово и
денес
гинат
Србите!
Но,
прашањето
е дали од
окупираниот
Пеќ ќе
можеше
да го
издига
светосавието
над
православието
и со сите
сили да
настојува
да ја
врати
српската
духовна
окупација
врз
Македонија,
врз
македонскиот
народ и
врз
неговата
света
Црква.
Сигурно
не, зашто
во Пеќ ќе
беше
презафатен
со
опевање
на многу
свежи
гробови!
|