|
|
|
Професорот на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски" во Скопје д-р Јован Белчовски по повод обидите за менување на автокефалниот статус и на името на МПЦ
МПЦ ги исполнува сите услови за автокефалност
По овој
повод сите
преговарачи
и одлучувачи
по ова
прашање не
смеат да
заборават
дека Црквата
во догматски
поглед е една
света
соборна и
апостолска.
Уште во
апостолскиот
период имаме
Црква
солунска,
Црква
филиписка,
Црква
вериска и под
тоа се
подразбирало
автокефална
црква. И во
Византија по
330 година (во
административен
поглед)
Црквата на
Исток се
подели во
повеќе
помесни
автокефални
цркви. Во
догматски
поглед со
своето учење
во
богослужението,
во обредите -
Црквата е
неделива. Таа
се поделила
само во
административен
поглед. Така,
сите помесни
или
автокефални
православни
цркви се
должни во
своето учење
стриктно да
се
придржуваат
кон Светото
писмо, кон
апостолските
правила, кон
Светото
предание, кон
одлуките на
седумте
вселенски
собори и
одлуките на
деветте
помесни
собири, чии
заклучоци се
прифатени
како важечки
за целата
Вселенска
црква.
Всушност,
придржувајќи
се кон
споменатото,
црквите го
одржуваат
единството
во учењето на
Црквата.
Факт е
дека на МПЦ
најмногу и
тежи што нема
целосна
комуникација
со
останатите
православни
цркви.
Меѓутоа, во
своето учење
таа целосно
се придржува
кон каноните
кои го
условуваат
единството
на светата
Православна
црква.
Доколку на
некоја од
автокефалните
помесни
цркви и се
случи да
отстапи од
гореспоменатото
учење, тогаш
останатите
православни
цркви имаат
право да ја
исклучат од
своето крило,
да ја
прогласат за
расколничка,
па дури и за
еретичка ако
има такви
услови. Со МПЦ
не е таков
случајот. Таа
целосно се
придржува
кон
изворното
учење на
Христовата
црква и со
ништо не
остапува од
единството
на светата
Православна
црква.
Самиот
збор
автокефалија
(од грчко
потекло)
значи
самостоен,
кој не зависи
од никого. А
автономија
значи
самоуправа,
сам донесува
закони, но
фактички не е
сосема
самостојна
црква и не е
сосема
ослободена
од врховната
власт на
друга црква.
Практично, сў
до денес не е
искристализирано
што е тоа
автокефална
црква. Сепак,
една
дефиниција е
прифатена.
Автокефална
е онаа црква
во која
новоизбраните
владици
примаат
хиротонија
од
епископите
на својата
сопствена
Црква. И во
Охридската
архиепископија
имаме
многубројни
сведоштва
како
новоизбраните
владици
примале
хиротонија
од владиците
на истата таа
Црква, што
значи таа
била
автокефална.
Меѓутоа,
општествено-политичките
и црковните
прилики низ
историјата
носеле и
новитети.
Така, уште од 9.
век, посебно
при
создавањето
на
Бугарската
православна
црква,
никнува една
појава која е
важечка до
денес. Имено,
се раѓа
идејата
секој
посебен
народ да има
своја
посебна
автокефална
црква.
Ваквата
појава
посебно
доаѓа до
израз во 18 до 19
век. Така,
фактички,
постапно се
зацврстува
едно
непишано
правило -
секој
самостоен
народ и
независна
држава да има
своја
самостојна
црква, а пак
доколку
државата е
царство,
црквата да
биде
патријаршија.
Таков е
случајот во
независната
Самоилова
држава, во
која се
создава
најпрвин
автокефална
архиепископија,
а по
прогласувањето
на
Самоиловото
царство,
архиепископијата
била
подигната на
степен на
патријаршија.
Потоа, во 1219
година, во
независната
српска
држава, се
создава
автокефална
архиепископија,
која пак во 14
век (1346 година),
кога е
прогласено
царството, е
подигната во
ранг на
патријаршија.
Што значи
премногу
доаѓа до
израз
сплотеноста
на црквата и
државата. И
црквата и
јазикот на
еден
православен
народ
стануваат
главно
обележје на
една
православна
држава на
Исток.
Фактички,
црквата е
главна
потпора на
независноста
на државата.
Имајќи
го предвид
сето тоа, на
МПЦ не смее да
и се случи
бришење на
името
Македонска.
Иако денес
токму
православните
цркви
премногу
настојуваат
да се отфрли
етнофилетизмот,
тој е
присутен
речиси во
сите цркви и е
баласт во
историјата. И
затоа не
треба да се
бара само од
МПЦ да не го
носи
националното
име. Нема
потреба.
Зошто да не
покажат
пример во
оваа смисла
повлијателните
цркви? Од 1870
година
македонскиот
народ не
престана да
се бори за
обнова на
Охридската
архиепископија
како своја
Македонска
православна
црква, што во 1958
година и му
успеа.
Што се
однесува до
Охридската
архиепископија,
катедралниот
град на таа
Црква
секогаш се
наоѓал во
срцето на
Македонија.
Во нејзиното
800-годишно
постоење таа
се
управувала
исклучиво од
Преспа и од
Охрид. Во
епархиите во
Македонија
македонскиот
народ го
зачувал
јадрото на
нејзината
паства и
оттука има
целосно
право да ја
смета за
своја Црква и
МПЦ да ја
смета за
истоветна со
Охридската
архиепископија.
Вистина е
дека таа
Црква низ
историјата
во своето
долговековно
постоење
управувала
со огромна
диецеза.
Врз кои
црковни
канони се
базира
признавањето
на
новосоздадените
автокефалии?
Исклучиво
врз 17-то
правило од
Четвртиот (Халкидонски)
вселенски
собор и 38-то
правило од 5-6
Вселенски
собор. Тука
фактички се
вели дека
доколку е
основан нов
град или
држава, да има
своја
самостојна
црква. Или, "по
обичај,
црковните
работи се
менуваат
според
политичките".
Со други
зборови, на
секоја
наполно
независна
држава и
следува
автокефална
црква. Ова за
нас е многу
битно,
бидејќи од 8
септември 1992
година
Република
Македонија е
независна
држава, па
според тоа и
нејзе и
следува
автокефална
црква. Мислам
дека на
православниот
свет тоа
одлично му е
познато и
близу е денот
кога нема да и
прават
неправди на
оваа
обновена МПЦ,
која своите
корени ги
влече од
апостолскиот
период.
Во
последно
време се
слушаат
зборови дека
во 1967 година
Македонската
православна
црква
направила
пуч. Пак ќе
речам, колку
нам ни е
познато, за
жал, при
формирањето
на своите
цркви и при
прогласувањето
на
автокефалиите
се
сретнуваат
неправилност
речиси кај
сите. Тоа се
случаите со
Егзархијата
во 1880 година, со
Атинската
архиепископија
во 1928 година, со
Романската
црква околу 60-тите
години на 19
век. Сите тие
самоволно го
прогласија
своето
постоење и
автокефалиите,
а нивно
признавање
од другите
цркви
доцнеше со
децении. Па,
зар само МПЦ
ќе биде
исклучок во
тој поглед?