|
|
|
Соопштение (10.03.2004)
На седницата беа предвидени и програмски предложени повеќе активности коишто треба да бидат реализирани во текот на претстојното 2004 лето Господово. Исто така, Синодот посвети должно внимание и на кадровското прашање за високиот клир на Македонската Православна Црква и оформи список за можни кандидати за идни архиереи во нашата Црква. За тоа достоинство во Синодот беа предложени петмина кандидати:
Светиот Архиерејски Синод на Македонска Православна Црква ја разгледуваше и информацијата од задолжената Комисија, која предложи канонизација на нови Светители од Македонија, како што се: епископот Гаврил Светогорец од Лесново, архимандритот Јоаникиј од Ракотинци, архимандритот Теофил од Лазарополе и др.
ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА САС НА МПЦ |