|
|
|
МПЦ мора
да
воспостави
соработка со
Украинската
и со другите
т.н.
непризнати
цркви
Александар
Донски
Една од
најстравичните
шеги од
областа на
црниот хумор
што досега
ја имам
слушнато
гласи
приближно
вака: за
време на
Втората
светска
војна во
еден
концентрационен
логор,
фашистите
пуштиле
поголема
група луѓе
во гасна
комора.
Потоа бил
пуштен гасот,
а луѓето
почнале да
се
задушуваат
во
претсмртната
агонија.
Тогаш еден
од нив
почнал да
чука на
вратата и да
вика по
крвниците: "Отворете
ја вратата,
почнува да
ме боли
главата",
Стравичното
во оваа шега (ако
воопшто така
може да се
нарече) е во
фактот што
кутриот
човек, не
успеал да
сфати дека
оние што ги
моли за
помош,
всушност се
неговите
убијци.
Содржината
на оваа шега
речиси во
целост се
поклопува со
состојбата
во односите
помеѓу МПЦ и
СПЦ.
Неодамна СПЦ
(како можеби
последен
посериозен
бастион на
големосрпскиот
шовинизам)
јасно и
гласно кажа
дека почнува
отворено да
работи за
уништување
на МПЦ, при
што им
постави
ултиматум на
нашите
владици дека
или треба да
се откажат
од нашата
света МПЦ
или ќе бидат
"расчинети".
Но, и покрај
ваквите
јасни и
недвосмислени
артикулации
во насока на
бескомпромисно
уништување
на МПЦ, се
добива
впечаток
дека некои
владици од
Синодот на
МПЦ се
однесуваат
исто како
кутриот
човек во
шегата со
црн хумор.
Тие и натаму
се "надеваат"
на "подобрување
на односите
со
сестринската
помесна СПЦ"
(иако оттаму
им рекоа
дека
безмалку не
ги сметаат
ни за луѓе). Од
друга страна,
нашиот Синод
е сосема во
право во
однос на
барањето
меѓународна
соработка со
други
православни
цркви и
разбивање на
изолацијата
во која се
наоѓа МПЦ. Па
што да се
прави во
ваква
ситуација?
Јас уште
лани
обелоденив
предлог МПЦ
веднаш да
иницира
соработка и
создавање
сеправославен
сојуз помеѓу
сите други т.н.
непризнати
православни
цркви (Украинската,
Црногорската,
Ерменската и
други).
Таквиот
сојуз би
имал милиони
верници и би
претставувал
моќен
субјект во
идните
евентуални
преговори со
т.н. признати
цркви.
Неодамна
некои високи
личности од
т.н. признати
цркви
упатија
предупредување
до МПЦ дека
било "најстрого
забрането"
МПЦ да
комуницира
со другите т.н.
непризнати
цркви (значи
ем не нў
признаваат,
ем ни
кажуваат со
кого да
комуницираме,
а со кого не).
Ова
предупредување,
всушност, е
најголем
доказ дека т.н.
признати
цркви се
плашат од
ваков моќен
сеправославен
сојуз (па
затоа и
упатуваат
вакво "предупредување").
Впрочем, не
знам зошто
нашиот Синод
крие од
јавноста
дека
Украинската
православна
црква (која
самата има
неколку
милиони
верници
повеќе од
Српската и
од Грчката
Црква)
одамна нуди
соработка со
МПЦ, а тоа е
потврдено и
со
неодамнешното
писмо од
поглаварот
на УПЦ, во кое
дава јавна
поддршка на
МПЦ. При
услови на
невидено
понижување
од страна на
Српската и
на Грчката
православна
црква кон
МПЦ, доколку
МПЦ нема да
ја прифати
подадената
братска рака
на УПЦ, тоа
само може да
значи дека и
навистина
постои
српско-грчко
и
антимакедонско
лоби во МПЦ,
кое како да "ужива"
во
понижувањата
што ни ги
приредува
СПЦ.