|
|
|
![]() |
|
|
|
Владика Тимотеј: Јован и приврзаниците им служат на СПЦ и ГПЦ 18.01.2004 Тимотеј нив не ги отфрли натамошни преговори со СПЦ туку ги услови со посредништво од трета страна Поранешниот владика Јован и неговите следбеници кои до неодамна беа во редовите на МПЦ, се предавници и на народот и на Црквата, изјави портпаролот на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ, владиката Тимотеј. Колку да сакаме тоа да го игнорираме, тој направи едно сериозно предавство на македонскиот народ и на традициите на Светиклиментовата црква и се приклучи кон Светосавска, односно СПЦ. Независно што тие велат дека ќе му служат на македонскиот народ, тие служат апсолутно против него и тоа во најсуштественото, за да излезат во пресрет на СПЦ, односно на Грците, за да ни го избришат името македонско, изјави Тимотеј во интерву за македонската редакција на Радио Слободна Европа. Владика Тимотеј потврди дека Синодот брзопотезно ја донел одлуката за примање на Јован во највисокот тело на МПЦ. Мојата неодамнешна изјава за избрзани чекори се однесуваше на екс-епископот Вранишковски, кој брзопотезно се вмести во редовите на Синодот, без доволно оценување и познавање, ниту на состојбата во МПЦ од негова страна, ниту пак, членовите на Синодот ја познаваа неговата личност, нагласува портпаролот на МПЦ. Владиката Тимотеј, сепак призна, дека во Нишкиот договор од пред две години, тогашниот преговарачки тим на МПЦ прифатил формула за двојно име на Црквата, што тој го оправдува со фактот што тогаш им се чинело како добро решение и кое сепак не било конечно, туку бил само предлог-документ. Во Нишкиот договор ние никогаш не се откажавме од името Македонска Православна Црква, како што тоа некои сакаат да го претстават, туку предлагавме да има можност за двојна употреба, вели г. Тимотеј. Оние цркви на кои ќе им пречи името Македонска, а тоа е грчкиот блок, да не нарекуваат Охридска Архиепископија, додека ние никогаш и пред никого да не се нарекуваме така, туку секогаш Македонска Православна Црква- Охридска Архиепископија, за да се излезе од еден лавиринт во кој сме западнати. Но, СПЦ, очигледно служејќи им на грчките интереси, тоа едноставно не сакаше да го прифати. Што се однесува до евентуални натамошни преговори со СПЦ, Тимотеј нив не ги отфрла, туку ги услови со посредништво од трета страна, како што беше најавената иницијатива на Руската православна црква. До овој момент не гледам некој голем напредок или учинок, но тоа не значи дека РПЦ не прави обиди да создаде можности и прилики да посредува. Но, за посредништво треба да има желба и волја од двете спротивставени страни. Од постапките на СПЦ добиваме впечаток дека таа не е одушевена од таквите намери на Руската Црква, па затоа и ги прави последниве чекори, изјави г. Тимотеј за македонската редакција на Радио Слободна Европа
| ||||||||||||
|
Свештеник од Хрватска
(18.01.2004)
Draga pravoslavna braćo i sestre u Makedoniji,
Već nekoliko godina pratim situaciju vezanu za status MPC. No ova posljednja događanja odnosno vjerski teror od strane SPC za svaku je osudu. Čitao sam poslanicu Patrijarha Pavla upućenu makedonskim vjernicima i ne mogu vjerovati da SPC osuđuje Makedonce za etnofiliju. Ne mogu vjerovati da se s takvom isključivocu SPC obraća, osporavajući pravoslavnim vjernicima, pripadnicima MPC i samo spasenje. Ovih će dana započeti molitvena osmina za jedinstvo krćana. Kako se kler SPC moe uključivati u iskreno ekumensko zajenitvo s pripadnicima drugih krćanskih konfesija, kada svojoj pravoslavnoj braći osporava spasenje?! Uistinu mi je ao za sve to prolazite a posebice zbog pokuaja unoenja podjele među makedonskim narodom, no Bog je vjeran i pravedan. Dat će i potrebne snage i potrebnu pobjedu. Pozdravljam Vas s riječima Sv.apostola Pavla iz Filpljanima 1,6.
Va u Kristu i pred Kristom u molitvi,
J.M. svećenik
| ||||||||||||
|
Поглаварот на
Македонската Православна Црква г.г. Стефан
(18.01.2004)
Интервју за белградскиот весник Вечерње новости за новинарот г-дин Младен СТАНЧИЌ 18 јануари 2004 година
1. Сметате ли дека е можно продолжувањето на преговорите со СПЦ околу надминувањето на повеќедеценискиот спор и болното несогласување и покрај тоа што Синодот на МПЦ оцени дека СПЦ продолжува да биде слугинка на етнофилетизмот, националшовинизмот и големосрпската идеја? Српската и Македонската Православна Црква се две помесни Православни Цркви. Според тоа, независно од искушенијата кои ги обременуваат нивните меѓусебни односи, и двете Цркви се должни да разговараат во духот на евангелската љубов што ја проповедаат. Карактерот и суштината на Христовата Црква и на православната екумена токму тоа го бара од секого, односно од секоја Црква. Непотврдувањето на автокефалноста, ние би рекле на управната и административна самостојност на нашата Света Црква, не ја обезличува, ниту ја прави помалку Божја Црква само затоа што се вика Македонска и што дејствува во Македонија, поинаква од другите Божји Цркви во другите држави во православниот свет. 2. Дали наскоро може да се очекува средба со Патријархот Павле, имајќи предевид дека Синодот на МПЦ го обвини патријархот дека продолжува да сее немир и раздор и дека антиканонски им дава епископство на македонските предавници кои ја напуштија својата Црква и својот народ? Потребна е комуникација меѓу поглаварите на сите помесни Цркви. Како ќе се надминат нерешените прашања ако нема средби на едни со други? Конечно, треба да се разбере дека МПЦ има свој поглавар и свој Синод, коишто СПЦ упорно ги негира. Синодот на МПЦ никогаш и за ништо не го обвинил Српскиот Патријарх г. Павле, освен за неканонските постапки кон МПЦ од страна на Соборот на СПЦ, чиј претседател е токму тој. Па, кој би толерирал назначување на расчинет клирик за администратор и егзарх во своите епархии, како што тоа го прави СПЦ кон МПЦ? Во Православната Црква расчинувањето на кој било од ерархијата се прифаќа и почитува од сите други Православни Цркви. Што ако црковно судските одлуки за ерархијата на СПЦ не ги почитуваат другите Православни Цркви? До каде тоа може да ја доведе Православната Црква?! И уште, под изговор дека сака да воведе канонски ред во БЈРМ, СПЦ ги прекршува основните канонски правила ракополагајќи дваесет и четири годишно момче за владика за македонските епархии. Ако е тоа во ред, зошто не ракополага такви кандидати и за Србија? Тој чин соблазни и други да побрзаат по владички круни 3. Што би можело да биде минимална основа за обновување на братскиот дијалог и разбирање, со цел да се изнајде обострано прифатливо решение? Може ли тоа да биде недовршениот т.н. Нишки договор или нешто друго? СПЦ и МПЦ не се, ниту можат, ниту пак смеат да бидат непријателски Цркви, зашто себеси би се обезличиле како Цркви Божји. Нивното догматско и канонско учење и вероисповедање во ништо не се разликува од православната екумена. Прашањето е само во тоа дали ние како Црква можеме да дозволиме и натаму, како и во вековите што се зад нас, МПЦ да биде предмет на пазарења, купување, продавање Не можеме! Сигурно дека и Бог тоа не го сака. Македонската Православна Црква, без оглед кој и како ја именува и преименува, е една и неделлива. Таа, по бројни и тешки распетија, успеа да си ги врати вековните достоинства на самостојно живеење. Сега кога ги исполнува сите канонски услови, ја очекува само добрата волја и љубовта од сестринските Православни Цркви. Православието само ќе добие со прифаќањето на уште една возобновена древна Православна Црква каква што е Македонската Православна Црква израсната врз темелите на древната Охридска Архиепископија. Но, за жал, СПЦ нема разбирање за реалниот живот на нашата Света Црква. Место љубов и подадена рака, доживеавме евтино и нечесно однесување, лукаво изитрени потези, што сθ заедно доведе до драматично усложнување во меѓусебните релации. Во Православието единството во одлучувањето на ерархијата е практика и во Српската, и во Македонската, и во сите Цркви. Пред десетина години, на средбата меѓу комисиите на двете Цркви во Калишта, каде што на предлог од делегацијата на Српската Црква беше прифатено евхаристиско единство и од двете комисии, отпосле Соборот на СПЦ го отфрли предлогот на своите претставници. Значи, еднострано прифатениот договор не е обврзувачки за двете Цркви! Минималната основа за обновување на разговорите може да се очекува само откако ќе бидат повлечени сите одлуки на СПЦ со кои се нарушува јурисдикцијата на Македонската Православна Црква. 4. Колку во овој момент се реални Вашите очекувања дека во преговорите со претставниците на СПЦ би можел како посредник да се вклучи и Патријархот Московски и на цела Русија, Алексиј Втори? Црквата е Една, Света, Соборна и Апостолска и нормално е да се очекува помош од браќата од која и да е помесна Православна Црква. Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија г. г. Алексиј е искусен архипастир и авторитет во православната екумена. Доколку сака, може да помогне во разрешување на спорот меѓу СПЦ и МПЦ. Не случајно неговиот претходник, Патријархот Алексиј Први, при официјалната посета на Македонската Православна Црква во Охрид, 1962 година, рече дека Охрид е словенскиот Ерусалим и од Охридската Архиепископија и од Свети Климентовиот книжевен центар прими очи сиот словенски свет. Тоа значи дека РПЦ не го заборава значењето на Охрид и ја негува љубовта кон нашиот народ и нашата Црква. 5. Како во овој контекст гледате на формирањето на Охридската Архиепископија на СПЦ, која не ја признавате, имајќи предвид дека Руската Православна Црква со Украинската Православна Црква, со која е во канонско единство, има слични односи? Вие добро констатирате дека СПЦ се обидува да формира нова т.н. Охридска архиепископија, но зошто тоа го прави при полувековно постоење на Македонска Православна Црква како вистинска возобновителка на Охридската Архиепископија?! Од друга страна, поради само дваесетина години владеење со македонските епархии, меѓу двете светски војни, СПЦ сака да полага вечно право врз Црквата во Македонија! Или, што би рекол Патријархот Павле кога некој утре во Србија би формирал некаква Пеќска Архиепископија и покрај постоењето на СПЦ? А зарем не е симптоматично тоа што до неодамна СПЦ не прифаќаше да се повикуваме на Охридската Архиепископија, а сега, наеднаш, сака да постои Охридска Архиепископија, а не Македонска Православна Црква? Зошто? Зарем ние немаме право да си ја викаме Црквата како сите, според името на својата држава и народ? Секоја помесна православна Црква имала свој пат и свое искуство, кое е многу слично на нашето. Такво било и на Грчката, Романската, Грузиската, Бугарската, па и на Српската! Ние не направивме и не правиме ништо поразлично од она што го правеле тие при нивното возобновување на своите автокефалии! Проблемот не е во Македонската Православна Црква, туку во односот на Православните Цркви кон МПЦ. Она што го направија за себеси, кога им требаше, сега нам ни го ускратуваат! 6. Како гледате на притворањето на митрополитот Јован за време на богослужението во приватниот стан и на полициските и судските обвиненија на негова сметка, дека со своето дејствување предизвикува национална, верска и расна нетрпеливост? Колку, според Вашето мислење, во неговиот случај може да биде засновано обвинението за националната, поготово расната нетрпеливост и омраза? Тоа се надлежности на соодветните државни органи. Тие за тоа и постојат да ги санкционираат криминалните и антидржавните дејанија. Господинот Вранишковски е граѓанско лице, кое е должно да ги почитува законите и прописите на оваа земја, како и секој од нас. Дали во Србија, или во која било друга држава, би му дозволиле на некого да работи против нејзините позитивни закони? 7. Дали во МПЦ постојат стравувања од нови предавници и бегалци, од нови напуштања на МПЦ, слични на оние кои се случија со преминувањето на групата предводена од духовниците Максим и Давид, кои се ставија на страната на Охридската архиепископија? Предавници имало и ќе ги има секаде, па и кај нас. Бог му дал личен избор на секој човек. Што човек ќе прави, зависи од него самиот и од тоа колку е свесен за минливоста на овој живот и потребата од спасение на својата душа. Тоа што некои веќе и не се кријат кога работат за да внесат хаос во Република Македонија и во Македонската Православна Црква е мотив повеќе во иднина да бидеме побудни. Предавниците никој и никаде не ги почитува, дури ни оној којшто ги завел. Но, која е цената за предавството на својот народ и својата Црква? И Јуда Го предаде Христа, но се обеси! 8. Дали до Вас пристигнал предлогот на Струмичкиот Владика Наум за создавање блок на непризнати Православни Цркви, и ако пристигнал, како гледате на таквата иницијатива? Такво мислење Синодот на МПЦ нема разгледувано... 9. Како гледате на иднината на МПЦ? Може ли таа, колку брзо и под кои услови да излезе од оваа меѓународна изолација? Македонската Православна Црква е организирана Црква и има свој плоден евангелски и литургиски живот. Таа се грижи за спасението на доверената паства и без разлика на однесувањето на другите кон неа таа ќе продолжи да ја врши својата мисија. Ние доследно го чуваме учењето на Православната Вера и Преданието на Црквата па, тогаш кој може и зошто да е против нас? Административните пречки не можат да го попречат дејствувањето на Божјата благодат! 10. Како се однесувате спрема идеите на некои интелектуални, па и црковни кругови во Македонија, дека спорот со СПЦ треба да се разреши со прифаќање на унија со Римокатоличката црква и Ватикан? Нашите односи со Ватикан се добри. Впрочем, такви односи имаат и негуваат и други Православни Цркви. Па и Српската! Но, Македонската Православна Црква никогаш не помислила за решавање на своето автокефално достоинство со прифаќање на унија со Рим. Таквите гласини ги пласираат оние што сакаат да ја обезвреднат нашата Света Црква, припишувајќи ѝ невистини, со цел да го попречат нејзиното поскоро прифаќање во православната екумена. На крајот, дозволете на сите православни верници во Србија и во Црна Гора, и особено на читателите на вашиот весник, молитвено да им пожелам секое добро од Господа и да им ги честитам Богојавленските празници. Бог, Кој се јави нека ги просветли нашите умови за да ја разбереме Вистината!
| ||||||||||||
|
Игумен Методиј Златанов
(17.01.2004)
ПРАВОСЛАВИЕТО Е ГРИЖА ЗА СЕКОЈА ЧОВЕЧКА ДУША
Не постои мотив којшто би ни ја оправдал омразата кон ближниот или би нθ ослободил од обврската да го љубиме нашиот брат. Што е тоа што не би можеле да го поднесеме заради Христа и Неговата, а не човечката правда? Она на што треба особено да внимаваме, во време на олку сериозни искушенија, кога се нарушува единството на Црквата и кога од сите страни се валка нејзиниот авторитет и интегритет, е грижата за секоја човечка душа. Тешко на оној кој ќе го соблазни или ќе се откаже од оној најмалиот Христов слуга, зашто тој од Христа се одрекол. Овој народ, пак, е Христов и во него е вкоренета беспрекорната девственост на богољубието, заради што тој е и секогаш ќе биде православен. Постојано се зборува за неблагочестието на клирот, скапите коли и богатите трпези, но нашето христијанство не се состои во тоа да ја чистиме раската од окото на ближниот. Ниту народот е Црква без своето свештенство и епископство, ниту клирот е Црква без народот. Тоа е примарна премиса на православната еклисиологија. Конечно, ниедна криза во Црквата не се решава со бегство и одметништво, ниту можат да ја решаваат оние коишто не ѝ припаѓаат.
| ||||||||||||
|
Соопштение
(13.01.2004)
| ||||||||||||
|
Сooпштение (12.01.2004) | ||||||||||||
|
Демант (12.01.2004)
| ||||||||||||
| Г.Г. Стефан: МПЦ заслужува да биде во
заедница со другите православни цркви 07.01.2004
Економската криза е повеќе од очигледна, неа сите ја чуствуваме затоа што црквата не е издвоена од проблемите на својот на народ. Но сме имале и потешки времиња и овој народ издржал, верувам дека економските проблеми ќе се надминат, важно е да го зачуваме мирот другото сето ќе ни се придодаде, рече во интервјуто за А1 Г.Г. Стефан Архиепископ на МПЦ. 2003 беше тешка година за МПЦ поради притисоците на СПЦ, како во 2004 МПЦ ќе се одбрани од овие притисоци и што ќе им порачате на верниците како тие да се одбранат од овие притисоци? За МПЦ не била тешка само 2003 туку и ред години наназад. Всушност од 1767 година нема лесна година за МПЦ-за Охридската архиепископија, зашто со неканонското укинување на Охридската архиепископија на овој простор, она што се случуваше минатата година се случувало минативе некаде 250 години. Веројатно притисоците и заканите нема да не одминат ни оваа година и единствен излез од сето ова е канонското решавање на проблемот. Нема пишано правило како да постапуваат верниците туку да продолжат како и овие 250 години, како и во овие 40 години возобновена МПЦ, да продолжат со својата црква затоа што ова време не е потешко отколку времињата пред 1941 год. сите тие години и времиња не ни биле лесни и нема да продолжат да бидат полесни. За МПЦ ова е едно време на искушение, но јас верувам дека ќе се одбраниме од сите притисоци. Затоа што браќата Срби го возбновуваат тоа што некогаш го правеле но, ние како црква имаме искуство во пребродувањето на тешкотиите. И силно верувам дека ќе ги пребродиме и овие најнови искушенија. Има ли единство во синодот по ова прашање, со оглед на тоа дека се појавија мислења дека и другите цркви не треба да се нарекуваат со нивните национални имиња, дали да се влезе во сојуз со други сестрински цркви за да се преброди тешкотијата побрзо, дали да се интензивираат преговорите со СПЦ или не, дали има единство по овие прашања кај сите владици? Најкратката дефиниција за црквата е единството. Во која смисла единство? Во она што во последно време многу го повторуваме потребното единство. И единството на Синодот е на она потребно ниво, затоа што сите одлуки, соопштенија се она што се случуваше по нишката средба на највисоко црковно ниво се донесуваше со единство. Во меѓувреме некои од Архиереите давале една или друга изјава но, сето тоа беше во прилог на тоа единство. Беше речено дека треба да го бараме единството со другите непризнати цркви. Всушност некои од соседните цркви го форсираат нашето место да биде таму, макар што прашањето на непризнатите цркви е прашање пред севкупната православна црква. Потребата од православните народи да имаат своја црква не може да биде бескрајно. Тоа е едно од главните прашања што идниот вселенски собор треба да го разреши. И принципот кој кого и за што треба да признае е веројатно и прашање кое го доведува статусот на МПЦ со останатите цркви. Нашето место е со останатите признати православни цркви. Ова е црква која трае со векови, имаме своја историја, свое минато, своја сегашност и црква која има своја иднина. Во овие неколку децении возобновен живот МПЦ го возобнови животот на православните верници како дома така и надвор. МПЦ со својата дејност што ја покажува заслужува да биде во заедница со другите помесни православни цркви и само таму е нашата иднина. Колку сте добри дипломати во Синодот, прашањето е како сега ќе се разговара со Руската православна црква за која се има впечаток дека не врши некој силен притисок за да се заштити МПЦ, ќе има ли во 2004 нешто повеќе за да не и стои на СПЦ она заштитништво што го добива од РПЦ и ГПЦ? Дипломатијата прашање е дали треба да ја има во црквата. Но во ова време во кое живееме по се изгледа дека МПЦ треба да има почести контакти со другите православни цркви за да одблиску ја запознаат нашата вистина. Од оние цркви кои имале можност да ја посетат нашата црква, Романската, Бугарската, Албанската ќе ја спомнам и Руската, рекоа дека среќаваат црква и земја која е поинаку претставена од нашите соседи. МПЦ треба да продолжи со својата црковна дипломатија и еден од излезите за да го најдеме своето место во сеправославната заедница е почестото претставување пред другите цркви. Зашто можеме да слушниме деновиве дека ова било творба на комунизмот дека Господ одамна заминал. Тоа не е така и тоа го потврдија сите кои имаа можност тоа да го видат. Некогаш кога политиката не била успешна црквата била таа која го водела народот. Има ли сега црквата сила да го стори тоа во едни вакви времиња? Црквата е половина од едно цело во една држава и го дели сето што се случува со својот народ, и сметам дека црквата во едни вакви времиња треба да го направи тоа што треба за себе да го направи. Црквата е разделена од државата и секое пречекорување на тој однос би било мешање на надлежностите едни со други. Некогаш црквата превземала улога и на она што е надвор од нејзината рамка, но тоа било во вонредни настани. Сметам дека ние имаме добри политичари кои треба да си ја извршуваат работата поради која и се избрани. Црквата треба да се грижи за својата црковна политика. Меѓутоа тие добри политичари не го решија проблемот со АСНОМ. 2003 не можеше да се положи цвеќе во Прохор Пчински. Каде оваа година ќе прославиме АСНОМ зашто и од црквата имаше идеи за промена на местото? Манастирот СВ. Прохор Пчински не би го гледал само од последните однесувања на СПЦ, тука не би ја исклучил ни српската држава затоа што таков инцидент сигурно не поминал без знаење на едни од други. Проблемот со СВ. Прохор Пчински е многу поголем отколку полагањето на венци во чест на Илинден, сметам дека сите во оваа Македонска држава и црква треба многу посериозно да му пријдат на проблемот затоа што недозволувањето на македонската делегација да положи цвеќе за еден настан кој е од суштинско значење од поновата историја на Македонија, би рекол дека е отфрлање на она што се случило таму. Она што ни се случи таму е поврзано со се она што преку цела година се случуваше на релација МПЦ-СПЦ. Оваа година е јубилеј на 60 години од АСНОМ и треба прославата да ја почуствуваме сите како граѓани на Македонија, а местото каде ќе се одбележи настанот за мене е помалку важен отколку да се отиде со едно понижувачко положување на цвеќе во самиот манастир, доколку соседите не ја отворат само манастирската порта туку и својата душа. Таму пред неколку години физички беа нападнати граѓани на Македонија кои отидоа таму да го чествуваат празникот. Сметам дека не ни се потребни такви шамари и нашиот АСНОМ и Илинден заслужуваат вистинско чествување кое не мора да биде на самото место. 2003 беше година која во која имаше многу економски проблеми, барем тоа го потврдуваат граѓаните, како граѓаните да издржат со едни вакви проблеми? Економската криза е повеќе од очигледна, неа сите ја чуствуваме затоа што црквата не е издвоена од проблемите на својот на народ. Но сме имале и потешки времиња и овој народ издржал верувам дека економските проблеми ќе се надминат, важно е да го зачуваме мирот другото сето ќе ни се придодаде. Треба да се изгради мирот затоа што како да не се залечени раните од судирите во 2001 год. Зацврстувањето на мирот ќе донесе и економска помош од оние кои можат да помогнат. Нека се честити празниците и нека Господ ни дарува мир на секој од нас за да ги совладаме и останатите проблеми.
| ||||||||||||
Visokiot
klir na Ultimatumot na SPC prema Makedonskata Pravoslavna Crkva, ne e ni{to iznenadlivo, so takvi nacionalno-{ovinisti~ki i agresivni odnosi tie bile od sekoga{. Ke be{e ne svatlivo vo kolku taa SPC se odnesuva{e kon svojata sopravoslavna Majka, MPC - dostoinstveno, sestrinski, hristijanski, kako {to i od nas hristijanite bara i samiot Gospod Isus Hristos. Zo{to mora i ponataka, kako i nekoga{, da sluguva na ne~esnata politika (na Gr~kata Pravoslavna Crkva i dnevnata), so koja saka da go obezli~i makedonskiot narod, Makedonskata Dr`ava i Makedonskata Pravoslavna Crkva. Na SPC i na srpskiot {ovinizam sovr{eno mu e jasno deka se obra}a kon drug narod, kon druga nacija i na Crkva koja ja o`ivotvori. Se obra}a kon teritorija i narod, koj be{e dolgo vreme od nejze okupirana. Podobro bi bilo visokiot klir na SPC da se snao|a i da si ja re{ava svojata sostojba vo koja denes se nao|a, koga ve}e go izgubi vlijanieto vrz teritoriite na nekoga{nata svoja JU teritorija, dali i ponataka bi trebalo da ostane i da se imenuva so Patrijar{ija ???!!! Ja osporuva Avtokefalnosta na svojata Majka na Makedonskata Pravoslavna Crkva, suspendira arhiereii ( koi nemat ni{to zaedni~ko so nejze ), bara da odzeme episkopski ~inovi na onie na koi ne im gi dala, duhovno go voznemiruva narod i dr`ava so kogo nema ni{to zaedni~ko, zar seto toa nee delo na sotonata, delo na omrazata, delo na neprijatelstvoto. Potrebno li e i ponataka MPC da kontaktira so SPC ??!! Nema potreba da koleni~i Makedonskata Pravoslavna Crkva, pred onie koi sakat da ni ja skinat glavata. Gi povikuvame site makedonci i prijateli na makedonskiot narod, da ja osudat ova demonska "odluka" na SPC, a voedno ovoj neprijatelski ~in da poslu`i za u{te edno na{e crkovno i nacionalno obedinuvawe so secela oddanost kon svetata ni Majka - Makedonska Pravoslavna Crkva, davaj}i cvrsta podr{ka na Svetiot Sinod na MPC. Glaven i
odgovoren Urednik
Информативна
служба СВЕТИ
АРХИЈЕРЕЈСКИ
САБОР СРПСКЕ
ПРАВОСЛАВНЕ
ЦРКВЕ САОПШТЕЊЕ
ЗА ЈАВНОСТ СА
РЕДОВНОГ
ЗАСЕДАЊА Руковођен
искључиво
бригом за
јединство
Цркве, Сабор
је још једном
позвао у
евхаристијско
заједништво
са
васељенском
Православном
Црквом, преко
својих
изасланика,
јерархију
Македонске
Православне
Цркве која
истрајава у
расколу, но
пошто је она
то по ко зна
који пут
одбила, Сабор
је са дубоким
жаљењем
предузео
канонске
мере и донео
одговарајуће
одлуке о
конституисању
Светог
Синода
аутономне
Охридске
Архиепископије.
При томе је
сагласно
својим
одлукама из 1967.
године, у
складу са
Нишким
договором (2002.) и
сагласно
решењу
Светог
синода
Македонске
Православне
Цркве, бр. 125 од 7.
августа 1990.
године
Митрополита
полошко-кумановског
Кирила
ставио под
забрану
свештенодејства,
суспендујући
га од
управљања
Епархијом и
покрећући
против њега
црквено-судски
поступак.
Истовремено
је изабрао за
Епископа
величког,
викара
Његовог
Високопреосвештенства
Митрополита
велеско-повардарског
Јована,
патријарашког
егзарха
Охридске
Архиепископије,
и за
администратора
Епархије
полошко-кумановске,
игумана
Јоакима (Јовческог),
а за викарног
Епископа
дремвицког
јерођакона
Марка (Кимева).
Архијерејски
Сабор је
братољубиво
оставио
могућност
осталим
епископима
Цркве у
Македонији,
који
пребивају у
расколу, да
најдаље до 1.
септембра 2003.
године ступе
у
евхаристијско
и канонско
јединство са
Пећком
Патријаршијом,
а тиме и са
свим
Православним
Црквама у
свету.
Уколико то не
учине, и
против њих ће
бити
покренут
црквено-судски
поступак. Све
одлуке које
се односе на
аутономну
Охридску
Архиепископију
донете су у
духу
православне
еклисиологије,
вековног
канонског
поретка
Цркве и
братске
љубави, са
великим
поштовањем
према
националним
осећањима
македонског
народа и
према држави
Македонији,
чију
посебност и
суверенитет
овај Сабор
поштује Српската
Crkva
со ултиматум
до
Македонската
црква
Српската
црква, во
соопштението
издадено
вечерва во
Белград,
наведува
дека
нејзинот
архиерејски
Сабор донел
одлука за
конституирање
Свет Синод на
автономна
Охридска
Архиепископија
и таа задача
му ја
доверила на митрополитот
Јован,
епископ
велешко -
повардарски. Во
истовреме,
СПЦ го
суспендира
владиката (на
МПЦ) Кирил и
покренала
постапка
против него
пред црковно -
народниот
суд на
Српската
црква. Раководен
исклучиво од
грижата за
единство на
Црквата,
Саборот,
преку
пратеници, ја
повика
ерархијата
на
Македонската
православна
црква која
истрајува во
расколот, на
евхаристичко
заедништво
со
Вселенската
православна
црква, но
откако таа по
којзнае кој
пат тоа го
одби, Саборот,
со длабоко
жалење
презеде
канонски
мерки и
донесе
соодветни
одлуки за
конституирање
на Свет синод
на автономна
Охридска
Архиепископија,
се наведува
во
соопштението
од редовното
заседание на
Архиерејскиот сабор
на СПЦ, кој се
одржа во
Белград од 13,
до 24, мај
годинава. Саборот
го стави под
забрана за
свештенодејство
Митрополитот
полошко -кумановски
Кирил,
суспендирајќи
го од
управување
на
Епархијата и
покренувајќи
против него
црковно -
судска
постапка.
Саборот го
избра за
Епископ
велички,
викарот на
Неговото
преосвештенство,
Митрополитот
велешко -
повардарски
Јован,
патријаршиски
егзарх на
Охридската
архиепископија,
стои во
соопштението. На
местото
управник на
полошко -
кумановската
епархија,
Саборот го
именувал игуменот
Јоаким (Јовчевски),
а за викарен
Епископ,
дремвичкиот
јероѓакон
Марко (Кимев). Архиерејскиот
Сабор,
братољубиво,
им остава
можност на
останатите
епископи на
Црквата во
Македонија,
кои живеат во
раскол,
најдоцна до 1-ви
септември 2003
година да
стапат во
евхаристичко
и канонско
единство со
Пеќката
патријаршија,
а со тоа и со
сите
Православни
цркви во
светот. Доколку
тоа не го
сторат,
против нив
исто така ќе
биде
покрената
црковно -
судска
постапка, се
вели во
соопштението
на СПЦ, во кое
се нагласува
дека
српската
црква ги
почитувала
посебноста
на
македонскиот
народ и
сувереноста
на неговат
држава. Одлуката
на српската
црква доаѓа
не цел месец
по
последната
посета на
висока
македонска
црковна
делегација
на Белград, за
време на која
на Србите им
беше
презентиран
документ со
финансиските
злоупотреби
на
расколничкиот
владика на
МПЦ, Јован. Владиците
Тимотеј и
Петар
изразија
надеж дека
СПЦ ќе имала
разбирање за
аргументите
на МПЦ. Дијалогот
за решавање
на
деценискиот
спор на двете
цркви падна
во ќор-сокак
минатата
година, кога
под силен
притисок на
јавноста во
Македонија,
МПЦ одби да го
прифати т.н.
Нишки
документ, со
кој МПЦ
требаше, де
факто, да
прифати
уназадување
на рангот на
црквата од
афтокефална
во автономна. Во
тогашната
преговарачка
делегација
што го
прифати
Нишкиот
документ беа
владиците
Тимотеј,
Петар и Наум . МПЦ
со легална
одлука на
Црковно
народен
сабор донесе
одлука да
биде
афтокефална
црква во 1967
година. Ултиматумот
на СПЦ
најмалку
христијански
|
![]() |
| Aвтокефалност не доаѓа предвид и со тоа конечно се помиривме, |
Владика Иринеј: Искрено да ви кажам, јас сум малку изненаден бидејќи тоа не е прв наш договор. Тоа е веќе втор или трет речиси ист договор кој се провлекува. Сметавме дека ова е конечно и дефинитивно, дека таа агонија еднаш ќе заврши на еден канонски, црковен и општо прифатен начин во целиот православен свет.
Дали тоа се разбира или не се разбира и дали тоа се сака или не се сака, не знам. Но, мислам дека со ова не знаеме конечно што ќе биде на крајот од преговорите. Кажано е дека автокефалност не доаѓа предвид и со тоа конечно се помиривме засега, а што ќе биде утре не знаеме. Ова сега е нешто сосема неочекувано.
Наставно - научниот совет на Богословскиот факултет им препорачува на преговарачите во иднина да го имаат предвид мислењето и волјата на сопствениот верен народ и им порачува дека ќе ги поддржува само застапниците за запазување на името на Македонската православна црква и нејзиниот афтокефален статус.
Треба да се избегне каков било договор поставен на дискриминаторска основа, со којшто се повредуваат основните човекови права, достоинство и слобода, а да се поддржат напори за зацврстување на внатрешното црковно и народно единство, им порачаа на владиците и на јавноста професорите од Богословскиот факултет